fbpx

Lister го претстави Stealth – модифицираниот Jaguar F-Pace SVR

Британски Lister го модифицираше Jaguar F-Pace SVR, а конечниот производ е Stealth - најбрзиот и најмоќниот британски SUV

Lister Stealth е ограничен на само 100 единици на светско ниво, а почетната цена изнесува 109.950 фунти, односно 34.575 фунти повеќе од „обичниот“ Jaguar F-Pace SVR. Благодарение на модификациите, како што е високоперформансниот систем за воздушна филтрација, специјално изработениот интеркулер и обновениот моторен софтвер, 5,0-литарскиот V8 сега испорачува 676 КС и 720 Nm максимален вртежен момент.

Дополнителните 126 КС и 40 Nm резултираат со тоа спринтот од нула до „стотка“ да се достигнува за 3,6 секунди, а максималната брзина изнесува 314 километри на час. Оригиналниот Jaguar F-Pace SVR спринтот го достигнува за 4,1 секунда, додека максималната брзина е 283 km/h.

„Stealth додава уште еден доказ до тоа дека е најбрзиот британски SUV откако неодамна ги победи ривалските Lamborghini Urus, Aston Martin DBX и Bentley Bentayga – во драг трка на познатото тест место VMAX200“, велат од компанијата.

Lister Stealth

Но, Lister не направи модификации на Stealth само под хаубата. Овој SUV се карактеризира и со карбонски детали на каросеријата, обновени преден и заден браник, пошироки сводови за тркалата, нови странични прагови и поголем заден дифузер. Дополнителна карактеристика во изгледот даваат и 23-инчните Vossen тркала, што е единствениот елемент на автомобилот кој не е произведен во Велика Британија, според Lister, а издувниот систем од нерѓосувачки челик со карбонски завршетоци исто така е новина на овој модел.

Lister Stealth, Lister

Купувачите ќе можат да бираат 36 индивидуални бои за ентериерот, како и 90 различни опции за шевовите кои ќе ги прекриваат централната конзола, спортските седишта, управувачот и безбедносните ремени, најверојатно е дека нема да постојат два идентични Lister Stealth модели на улиците.

Поврзани вести

Back to top button