Лос Анџелес 2017: Врв во понудата- Range Rover SVAutobiography
Само неколку дена пред официјалната премиера на меѓународниот салон во Лос Анџелес, Land Rover ја објави првата информации и фотографии за новиот предводник Range Rover SVAutobiography
Само неколку дена пред официјалната премиера на меѓународниот салон во Лос Анџелес, Land Rover ја објави првата информации и фотографии за новиот предводник Range Rover SVAutobiography, кој ќе биде достапен за нарачка од 29 ноември.
Range Rover SVAutobiography ветува дела ќе им понуди на корисниците нова димензија во однос на внатрешен комфор и луксуз, задни врати со автоматско затворање, специјални ергономски задни седишта со масажа, уникатен борд часовник од Zenith, можност за извршување со хибриден погонски систем и многу други детали.
Секој еден од елементите на ексклузивниот автомобил кој е достапен само во верзија со долга база, помина низ завршна оценка и е рачно склопен од страна на специјализираната единица на Jaguar Land Rover- SVO (Special Vehicle Operations).
Во ентериерот на новиот Range Rover SVAutobiography исто така има ексклузивности – масички со електрично управување, мултимедијален систем за задните седишта со 10-инчни екрани, 4G WiFi конекција, ладење за две шишиња…
За време на салонот во Лос Анџелес, новиот Range Rover SVAutobiography ќе биде демонстриран заедно со екстремните Discovery SVX, Range Rover Sport SVR и развиената врз стандардното меѓуоскино растојание, верзија SVAutobiography Dynamic.