fbpx

Lotus Evija – eлектричен хиперавтомобил од 1972 КС

Следната фаза на Lotus ќе започне со електричниот хипер Evija од 1,75 милиони фунти

Следната генерација на Lotus моделите трпеливо се чека да се појави, одкако кинескиот производител Geely ја купи британската компанија во 2017 година. Првиот нов Lotus кој ќе биде лансиран под сопственост на Geely го носи името Evija, а всушност претставува целосно електричен хиперавтомобил кој носи цена од 1,75 милиони фунти.

Новиот Evija е придвижуван од четири електрични мотори, по еден за секое тркало со индивидуална излезна моќност од 493 коњски сили, правејќи го првиот Lotus модел со погон на сите тркала. Така, комбинираниот излез достигна бројка од 1972 коњски сили и вртежен момент од неверојатни 1700 Nm, достапен од нула-вртежи во минута како и кај сите електрични автомобили. Забрзувањето до 100 km/h е за нешто помалку од 3 секудни, додека 300-ката ја достигнува за време од под 9 секудни.

Lotus Evija

Батерискиот пакет е поставен зад седиштата, а од Lotus велат дека тој е најнапреден и најмоќен од својот тип. Вкупниот капацитет на батеријата е проценет на 70kWh, кои на Evija му овозможуваат теоретски опсег од 400 километри според WLTP циклусот. Тие се дизајнирани да поддржат 800kW полнење, ниво кое доколку е достапен полнач со таков капацитет би резултирало со време на полнење на батеријата за само 8 минути. Сепак, највисоката способност за полнење засега е 350kW, што ќе ги напојува батериите на Evija до 80 проценти за само 12 минути.

Во поглед на шасија, Evija се базира на јаглероден монокок, изработен од CPC специјалист во Модена, Италија. Системот за потпирање се темели на традизионалните коиловери, додека управувачкиот систем е електро-хидраулична единица.

Што се однесува до дизајнот, стилот на Evija е типичен за ваков супер автомобил, со елементи позајмени од други историски модели на Lotus, но повторно интерпретиран за модерен, електричен хиперавтомобил. Како и многуте автомобили на ова ниво, аеродинамиката имаизиграно голема улога во креирањето на обликот, со големи отвори во каросеријата што го олеснува протокот на воздухот и потребното ладење.

Дизајнерскиот пристап на кабината е сличен карактер, па така Evija како секој современ хиперавтомобил доаѓа со кадифени материјали и деликатна употреба на скулпторски јаглеродни влакна. Воланот е компактен и наполнет со контроли на сличен начин како кај Ferrari или Ford GT. Единствениот дигитален интерфејс е пред возачот, кој може да се види преку врвот на малиот управувач за ефект кој не е различен од i-Cockpit на Peugeot.

Со 130 единици наменети за производство во Хетел од 2020 година, Lotus Evija ќе ја одигра улогата на хало производ за компанијата, но дали ќе ги наследи карактеристиките што ги направија моделите на Lotus толку посебни во текот на својата 61-годишна историја, останува да се види.

Поврзани вести

Back to top button