fbpx

Lotus го прослави 20-тиот роденден на Exige со специјална верзија

Компанијата Lotus по повод 20-тиот роденден на својот модел Exige подготви специјална верзија инспирирана од првиот модел Exige Series 1

Автомобилот кој го понесе името Lotus Exige Sport 410 20th Anniversary е „совршениот начин за да се прослави влијанието на овој сензационален модел во светот на спортските автомобили“, наведуваат од Lotus. Исто како и првиот модел, така и оваа специјална верзија на Exige има покрив во боја на каросеријата, странични отвори за воздух, заден спојлер, како и црна дополнителна заштита пред секое од задните тркала. Предниот сплитер, задниот поклопец и дел од останатите компоменти се изработени од карбон, што е опција на стандардниот модел Sport 410.

Освен овие естетски подобрувања, Exige доби и лесни тркала од легура и Nitron прилагодување на амортизерите кои можат да се адаптираат за различни опкружувања во кои се вози. Купувачите ќе можат да бираат меѓу три класични бои – Chrome портокалова, Laser сина и Calypso црвена боја, а тука се и модерните бои како Saffron жолта, Motorsport црна и Arctic сребрена боја.

Lotis Exige

Автомобилот е украсен со специјални беџови кои ја прикажуваат силуетата на првиот Exige, а се наоѓаат на задниот браник и над страничните индикатори за насока. На секоја страна од задниот спојлер се наоѓа и ознака „20“ која ја означува годишницата.

Седиштата се преслечени во Алкантара, но со примеорк кој потсетува на оригиналниот и содржи ознаки од специјалната верзија. Во автомобилот има и плочка која посочува за која верзија станува збор. Стандардната опрема вклучува и DAB радио со Bluetooth поддршка, темпомат и управувач обложен со Алкантара.

Оваа специјална верзија на Lotus Exige се напојува со 3,5-литарски V8 мотор кој развива 410 КС и од нула до „стотка“ стигнува за 3,4 секунди. Максималната брзина изнесува 290 километри на час. Почетната цена за Lotus Exige 20th Anniversary изнесува 79.900 фунти, а испораките се очекуваат подоцна оваа година.

Поврзани вести

Back to top button