fbpx

Lucid Air е најбрзо полнечки електричен автомобил на светот

Престојниот Lucid Air ќе биде најбрзо полнечкиот електричен автомобил кој некогаш е понуден на пазарот, нудејќи автономија од 480 километри со само 20 минути полнење

Производителот Lucid Motors се пофали дека нивниот автомобил ќе има батерија која најбрзо се полни во однос на конкуренцијата. Во пресрет на премиерата на 9 септември, Lucid открива дека благодарение на архитектурата на Air, 900V+, автомобилот може да се полни 32 километри по минута со највисока стапка на полнење од 300 kW. Ова значи дека автомобилот со само 20 минути полнење, ќе добие опсег на движење од 482 километри.

Lucid исто така се здружи со Electrify America за да им понуди на американските купувачи тригодишно бесплатно полнење на растечката мрежа на станици на Electrify America, вклучително и оние со полначи до 350 kW. За полнење во домашни услови, производителот го разви Lucid Connecting Home Carging Station. Оваа станица нуди двонасочно полнење, што значи дека сопствениците ќе можат да го користат својот Lucid Air како привремен „резервоар“ да ги напојуваат своите домови во случај да снемаат струја. Од Lucid исто така додаваат дека Air го има универзалниот CCS конектор и исто така има 19,2 kW полнач.

Lucid Air ќе има рекордна автономија од 833 километри со едно полнење, што е значително повеќе во однос на конкуренцијата, а како што напоменавме, премиерата на автомобилот ќе се случи на 9 септември.

Поврзани вести

Back to top button