fbpx

Lucid Air со најголема аеро-ефикасност на светот

Моделот Lucid Air на производителот Lucid Motors официјално е најефикасниот аеродинамичен луксузен автомобил на светот

Во јуни од Lucid Motors испратија продукциска верзија на моделот Air за аеродинамичко тестирање, а резултатите се потврдени со коефициент од 0.21, со што Lucid Air стана најефикасниот луксузен автомобил на светот кога станува збор за аеродинамиката.

Ова е мошне важен податок, особено за електричен автомобил кој мора да биде што е можно поефикасен за да ја зголеми својата автономија на движење. Од Lucid Motors велат дека аеро-ефикасноста е една од главните карактеристики и цели на компанијата.

Lucid Air

„Ги искористивме лекциите кои ги научивме при создавањето на некои од најперформансните тркачки машини на светот, како интегрален дел од дизајнерскиот процес на Lucid Air. Не е само да се достигне најнискиот можен коефициент на отпор. Исто така клучно е да се има и високо балансирано перформансно возило со прецизно изменаџиран проток на воздух во сите аспекти“, истакна Жан Шарл Моне, водечкиот човек на Lucud Air кога станува збор за аеродинамиката, со повеќе од 11 години искуство во Formula 1.

Да се достигне коефициент на отпор од 0.21, „лизгавата“ форма на шасијата е есенцијална, но не и доволна. Lucid Air исто така содржи некои функционални површини и детали кои ја водат воздушната ефикасност низ и околу возилото. Ова вклучува странични отвори за воздух на предницата кои го „измазнуваат“ протокот на воздух околу типично турбулентните отвори кај тркалата, аеродинамичен дизајн на тркалата, како и вентилациски отвори на хаубата кои го канализираат воздухот околу крилата на автомобилот.

Патентиран систем

Освен тоа, Lucid Air има патентиран vortex систем за внесување на воздух кој се наоѓа зад предниот браник. Неговата функција е да ги зголеми перформансите на ладење со еднакво дистрибуирање на воздухот на површината за размена на топлина, додека ја минимизира големината на отворот за влез на воздух, со што дополнително се зголемува аеродинамичката ефикасност.

Другите важни елементи вклучуваат непрекината, мазна подлога на заоблените места кои се издигаат кон задниот дел на Lucid Air за да се формира аеродинамичен дифузер. Како директен резултат на аеродинамичноста на Lucid Air е опсегот на движење од 643 километри, постигнат во реално тестирање користејќи бета прототипови на јавни патишта и автопат.

Lucid Air

Освен тоа, Lucid Motors продолжува со тестирањето на патеките за максимална брзина, со цел да се обезбеди стабилност при движење со висока брзина и да се провери функционалноста на аеродинамичките системи. Lucid Air алфа прототипот достигна максимална брзина од 378 километри на час, а повеќе тестирања за максималната брзина се планирани за летово со флотата бета прототипови.

Продукцискиот Lucid Air ќе дебитира на онлајн настан на 9 септември, кога спецификациите и сите информации и детали ќе бидат исто така објавени.

Поврзани вести

Back to top button