„Лудница“ на пазарот на субкомпактните кросовери во Европа
Европската продажба на помали кросовери продолжува да расте со значително темпо
Тоа го апострофира и компанијата за анализи LMC Automotive, според која се повеќе луѓе се откажуваат од традиционалните хечбеци и се насочуваат кон субкомпактните SUV изданија. Прогнозата на експертите е дека во 2018 година ќе бидат продадени 400.000 кросовери во Европа, кои ќе се приклучат на минатогодишните 1,4 милиони.
Околу ¼ од дополнителните продажба ќе се должат на новите SUV модели предложени во последните месеци од Volkswagen , Citroen и Opel/Vauxhall. Во првите пет месеци на 2018 година VW T-Roc, Citroen C3 Aircross и Opel/Vauxhall Crossland X влегоа во Топ 10 на продажба, го заземаат петтото, шестото и седмото место. Секој од овие модели успеа да сними повеќе од 25.000 возила на пазарот.
Dacia Duster, кој го надмина Opel / Vauxhall Mokka, исто така беше одличен и е рангиран на третото место. Пред романскиот SUV се само Renault Captur и Peugeot 2008. Добро котира, иако е надвор од првата десетка, Seat Arona која е на 11-тата, токму пред другите два нови модели – Kia Stonic и Hyundai Kona. Според некои топ-менаџери, во следните 4 години, пазарот на овој тип возила во Европа буквално ќе полуди, а се очекува тој да скокне за 40%.