Лудница во Абу Даби, Ферстапен во последниот круг до титулата
Една од највозбудливите сезони во последните години во Formula 1 ескалираше со последната трка на патеката Јас Марина во Абу Даби каде триумфираше Ферстапен
Инфаркт-завршницата на последната трка во и онака спектакуларната сезона. Макс Ферстапен триумфираше во Абу Даби во последниот круг кога го престигна Луис Хамилтон и дојде до првата шампионска титула во кариерата. Една од најдраматичните сезони во историјата на Formula 1 не можеше да има подраматичен крај од она што се случи на патеката Јас Марина во Абу Даби.
За оние што не успеаја да ја погледнат оваа трка на векот, тешко дека може со зборови да се опшие каква драма и каква лудница се случи на патеката во последната трка од сезоната. Луис Хамилтон се до последниот круг имаше наизглед недостижна предност. За потоа се случи сензација каква што најбрзиот циркус на планетата не памети. Макс Ферстапен буквално во последниот круг му ја „украде“ рекордната осма титула на Британецот. Како се случи сето ова, веројатно ќе мора да се соберат впечатоците и да со ладна глава да се разберат и објаснат работите. Во секој случај, факт е дека дирекцијата на трката на чело со Мајкл Маси влијаеше за целосен хаос на патеката и ураган на шокантни емоции.
Првиот и последниот круг клуч за титулата
Целата борба за шампионската титула всушност е сочинета во првиот и последниот круг од трката. На почетокот Ферстапен лошо стартуваше и ја прокоцка пол позицијата во првиот свиок. Кога неколку десетина секунди подоцна се обиде да го заобиколи Британецот и да ја врати предноста, се случи првата спорна ситуација. Возачот на Red Bull тргна во агресивен напад, дојде до благ контакт по што Хамилтон заврши надвор од патеката. Меѓутоа, Британецот направи пресврт во оваа неповолна ситуација во своја корист и повторно се најде пред Ферстапен.
VERSTAPPEN X HAMILTON, TODOS OS ÂNGULOS! https://t.co/tdSl13kupH
— Blog Fórmula 1 (@blog_formula1) December 12, 2021
Како логично продолжение на настанот се наметнуваше истрага за спорната ситуација, но дирекцијата на трката остана нема што автоматски значеше дека според нивното мислење се било во границите на дозволеното. Хамилтон се осамостои на првата позиција и ја зголеми предноста пред заминувањето во боксот. Се врати на патеката зад Серхио Перез, а тимскиот колега на Ферстапен силно се бореше да го задржи Британецот зад себе што е можно подолго. Хамилтон го заобиколи Мексиканецот, зад себе имаше два болиди на Red Bull, но повторно почна да ја зголемува предноста над Холанѓанецот.
Делуваше дека овој инцидент и недостатокот на реакција од страна на судиите ќе биде централна тема за разговор откако Хамилтон ќе ја одбрани титулата и ќе дојде до рекордниот осмиот трофеј, надминувајќи го Михаел Шумахер. Но, тогаш, во последниот 58-ми круг, следуваше нешто што ќе се прераскажува со децении.
Хамилтон имаше предност од преку десет секунди и сите очи беа вперени кон него и Ферстапен. Но, на крајот во центарот на вниманието, ни крив ни должен, се најде Николас Латифи. Тој стана двигателот на настаните кои сериозно влијаеја на конечниот исход. Имено, Латифи се судри со Мик Шумахер, заврши во оградата, па на пет круга пред крајот, на патеката излезе безбедносното возило. Возилото се задржа на патеката до претпоследниот круг кога иницијалната одлука беше возачите кои заостануваа цел круг да се задржат на позициите меѓу Хамилтон Ферстапен – така ја погазија праксата на која беа доследни цела сезона.
WHAT A COMEBACK!
Max Verstappen holds off Lewis Hamilton to become the first Dutch F1 world champion 🏆 pic.twitter.com/h1IDv8Dr6y
— ESPN (@espn) December 12, 2021
Не може без контроверзи
Логично, од таборот на Red Bull жестоко реагираа, а организаторите мораа да попуштат. Така, во последниот круг сепак се сетија дека би било фер да се држат до правилникот. Следствено на тоа, Ферстапен агресивно го нападна Хамилтон и бркотницата во последниот круг започна. Холанѓанецот мајсторски го заобиколи болидот на Mercedes, за потоа и да ги одбие последните напади на седумкратниот шампион и прв мина низ целта.
VERSTAPPEN WINS THE WORLD CHAMPIONSHIP!!
WHAT A FINISH!!!! HE'S DONE IT!!!
A last lap pass decides the title. What a season.#F1 #AbuDhabiGP pic.twitter.com/3tpnyLo2DX
— TSN (@TSN_Sports) December 12, 2021
Ова е првпат уште од 1974 година двајцата кандидати за титулата во Formula 1 да влезат во последната трка од сезоната со ист број бодови. Тој податок самиот по себе навести спектакл во Обединетите Арапски Емирати. Но, вакво нешто ретко кој можеше да предвиди. За работите да бидат уште поинтересни, како некои виши сили да се вмешаа во целата приказна. Така, синот на легендарниот Михаел Шумахер делумно влијаеше на тоа Хамилтон да не го собори рекордот кој го чува заедно со неговиот татко.
Respect all round on the podium after an epic title race that will be remembered forever 🏆#AbuDhabiGP 🇦🇪 #F1 @Max33Verstappen @LewisHamilton pic.twitter.com/EDgKox9AoJ
— Formula 1 (@F1) December 12, 2021
Ролекостер од емоции
На денешниот подиум, кој сигурно дека најтешко му падна на Хамилтон, како трет се искачи Карлос Сајнц. На крајот, Mercedes очекувано ја однесе победата во конкуренција на конструктори, но тоа е победа за која во моментов никој не размислува.
По трката и двајцата натпреварувачи ги споделија своите импресии. Хамилтон покажа дека е вистински господин, иако двајцата имаа неколку пати недоразбирања и си разменуваа жестоки зборови.
„Пред се, сакам да му честитам на Макс и на неговиот тим. Мислам дека ние како тим направивме голема работа оваа година. Ова ми беше најтешката сезона. Многу сум горд на мојот тим и благодарен сум што сум дел од нивната приказна. Апсолутно дадовме се од себе, во ниту еден момент не се предававме и тоа е најважно од се. Се чувствував фантастично во последните месеци“, изјави Британецот.
Max Verstappen and Lewis Hamilton shared a moment after their thrilling finish at the Abu Dhabi Grand Prix 🤝 @ESPNF1 pic.twitter.com/M0JDRIXXSn
— ESPN (@espn) December 12, 2021
Од друга страна, Ферстапен и самиот истакна дека не може да поверува како дојде до титулата, а не заборави да му се заблагодари и на својот клупски колега.
„Неверојатно! Лудо! Не знам што да кажам… Ме погледна среќата. Сакам да му се заблагодарам и на Серхио Перез кој беше фантастичен тимски колега. Се се одлучи во последниот круг. Лудило! Кога ќе дочекате ваков ден, нервозата е огромна. Се трудев да верувам и кога работите баш лошо изгледаа. Чудата некогаш се случуваат. Луис е фантастичен возач и жесток натпреварувач. Тој е дел од историјата на овој спорт. Но, сите сакаме да победиме. Следната године ќе се вратиме со истата желба и ќе се обидеме да го повториме овој успех. Сакам да останам во Red Bull до крајот на кариерата. Не гледам причина да ја менувам оваа фантастична екипа“, изјави Макс Ферстапен по трката.