Луис Хамилтон – неприкосновениот крал на Formula 1
Британскиот возач Луис Хамилтон славеше на трката за Големата награда на Португалија и со тоа го престигна Шумахер на првото место по бројот на победи
Најдобриот возач на денешницата, актуелниот крал на Formula 1 оваа сезона е практично незапирлив. Ниту лошото време во Портимао, ниту постојаната закана од конкуренцијата, па ниту вечната потера по рекордите не му можеа ништо изминатиот тркачки викенд во Formula 1. Луис Хамилтон повторно беше најбрз и повторно прв мина низ целната рамнина.
Но, тука не станува збор за самата трка, туку за нешто многу повеќе. Луис Хамилтон испиша нова страница во вечната книга на рекорди која ја следи 70-годишната историја на Formula 1. Британскиот возач во целост доминираше на Големата награда на Португалија и ја запиша осмата победа во сезоната, со што уште повеќе се доближи кон одбрана на титулата. Сепак, уште поимпресивно делува дека Хамилтон успеа да ја забележи својата 92 победа во кариерата, со што статистички стана најуспешниот натпреварувач во историјата на најбрзиот циркус на планетата.
9⃣2⃣ race wins!@LewisHamilton rewrites the #F1 history books #PortugueseGP 🇵🇹 pic.twitter.com/rPBSACeX3G
— Formula 1 (@F1) October 25, 2020
Со победата во Португалија, која ќе му остане вечно врежана во меморијата, Хамилтон го престигна она што до пред неколку сезони се чинеше како недофатливо – рекордот на Михаел Шумахер. Со тоа повторно покажа дека можеби е и најдобриот на сите времиња. Титулите и трофеите се неговиот аргумент. Луис Хамилтон ја испишува историјата на најпопуларниот мотоспорт од трка во трка и нема намера да застане. Ако продолжи да вози за Mercedes, нема сомнежи дека рекордите ќе продолжат да паѓаат како од шега.
NINETY TWO WINS 🤯 Today is beyond my wildest dreams. I couldn’t be here today without my team, continuously innovating and pushing the barrier in this game. I’m so grateful to have you guys by my side through this journey… pic.twitter.com/uNNFY6eLED
— Lewis Hamilton (@LewisHamilton) October 25, 2020
Луис Хамилтон сега има една победа повеќе од Михаел Шумахер и дури 39 повеќе од третопласираниот Себастијан Фетел на вечната листа. Инаку, Хамилтон во Португалија трката ја започна од пол позицијата, но брзо падна на третото место. Меѓутоа, до 20-тиот круг успеа да се врати на лидерското место и да одржува предност. На крајот од трката имаше преку 25 секунди предност над клупскиот колега Валтери Ботас.
На Хамилтон му се предвидуваше блескава иднина уште од мали нозе. Освојуваше шампионати во картинг, Formula Renault, Formula 3 и GP2 серијата пред да дебитира во Formula 1 зад управувачот на тогашниот McLaren Mercedes.
Првата победа ја забележа таа година во Канада, а на крајот од сезоната имаше четири победи. За жал, титулата му побегна во последната трка во сезоната, но ја освои веќе во 2008 година. Со тоа, тој и понатаму го чува рекордот во Formula 1 за најбрзо освоена титула во кариерата.
How the journey to 92 F1 wins began for @LewisHamilton 🤩#PortugueseGP 🇵🇹 #F1 pic.twitter.com/0cxMHS6SE1
— Formula 1 (@F1) October 26, 2020
По McLaren Mercedes, Хамилтон е дел од Mercedes, а во германскиот тим е во последните осум сезони. Со Mercedes освои пет титули, на прагот е да триумфира и оваа сезона. Покрај 92 победа, Хамилтон чува рекорди и во уште неколку категории, како што се: Најголем број пол позиции во кариерата (97), финиши на подиумот (161) и вкупно поени во кариерата (3.687). Доколку триумфира на крајот од оваа сезона, а сигурно ќе се случи тоа, ќе се израмни со Шумахер и по бројот на титули.
1 to 92 🏆
Count them up 🤩#PortugueseGP 🇵🇹 #F1 @LewisHamilton pic.twitter.com/zzk9yB4f41
— Formula 1 (@F1) October 25, 2020
Британскиот возач е рекордер и по бројот на последователни трки (во моментов има 262), а по процент на успешност е третопласиран во историјата на Formula 1. Имено, тој славел на 35 проценти од возените трки, а му бегаат само ветераните од раните години на F1, како Хуан Мануел Фанџо (46%) и Алберто Аскари (39%). Прашање е дали ќе успее да го собори рекордот по бројот на победи во една сезона. Дури три пати освојувал титула со 11 победи, а рекордот го држат Шумахер и Фетел со по 13.