fbpx

Луксембург и Лихтенштајн со најмногу возила по бројот на жители

Според статистиката на Eurostat минатата година во Европа имало по 505 возила на илјада жители

Меѓу членките на ЕУ на самиот врв е Луксембург, каде има регистрирано 662 автомобили на илјада жители, а во првите три земји на оваа листа се Италија со 625 и Малта со 615 единици. Првата петорка ја комплетираат Финска со 604 и Кипар со 595 автомобили. Земјата со несомнено најмногу возила во Унијата, Германија, е на осмото место со 528 возила на 1.000 жители.

На другата страна од скалата се Романија со 261, потоа Унгарија со 341 и Хрватска со 374. Ако се земе Европа во целост, односно не само членките на ЕУ, на прво место е Лихтенштајн со 780 автомобили на илјада жители. Во Швајцарија и Норвешка таа бројка е над 500.

Според статистиката во Македонија има некаде над 200, а најмалку во Турција, 150 возила на илјада жители.

Луксембург

Поврзани вести

Back to top button