Хечбекот Lynk & Co 04 насочен кон популарниот пазарен С-сегмент
Младата иновативна марка Lynk & Co, подружница на кинеската фирма Geely, самоуверено граби кон иднината и веќе е подготвена за продажба на својот прв модел - кросоверот 01
Во интензивни тестови се кросоверот 02, седанот 03, за прв пат е „уловен“ на испитувањата и хечбекот 04.
Петвратниот хечбек Lynk & Co 04 е забележан за време на тестови во Скандинавија, има целосно класични црти на каросеријата и во големина е споредлив со димензиите на VW Golf и Opel Astra. Секако очигледна е семејната припадност според цртите на веќе познатите модели на марката – трепкачи во вид на надолжни светлечки линии, положени калници…, а парните издувни цевки на крајот од браниците зборуваат за многу моќ. „Роднината“ XC40 се напојува со бензински мотори и до 250 КС и дизел со до 190 „коњи“.
Компанијата на Geely, Lynk & Co., тесно соработува со другата кинеска подружница – Volvo. Тоа е факт, а Lynk & Co влегува и во составот на компанијата China-Euro Vehicle Technology (CEVT), лоцирана во Гетеборг. А CEVT беше создадена од Geely и Volvo за различни истражување и развој на перспективни фамилии на модели врз основа на модуларната платформа CMA. Тоа ги прави моделите на двете компании блиски „роднини”. Новата генерација на Серијата 40 на Volvo, тргна од неодамна, со појавата на кросоверот XC40.
За хечбекот на Lynk & Co 04 сигурно ќе се понудат турбомотори со три или четири цилиндри од модуларното семејство Volvo Drive-E, како и хибридниот врз основа на 1,5-литарска „турботројка“ која доставува километража од 80 километри само на струја. Платформата СМА технички овозможува и правење на целосно електрични модели, кои сигурно ќе се појават заедно со сличните од Volvo.
Како и последните модели на Volvo, овие на Lynk & Co ќе нудат најнови системи за помош на возачот, напредни мултимедијални системи со апликации за поврзување со мрежата. Производството на кинеските евро-модели ќе се прави во Кина, во фабриката на Geely во Луцајо, заедно со моделите од Серија 40 на Volvo, наменети за пазарот во Кина. Во Кина прво ќе стартува продажбата на Lynk & Co, но брендот има сериозни намери и кон пазарите во Европа и САД.