LYNK & CO е најбрзо растечки бренд во светот
LYNK & CO објави дека со 120.414 единици што се продале во Кина во 2018 година, брендот сега може да се пофали како најмладиот со најбрзо растечка продажба во светот.
LYNK & CO, исто така, коментираше дека само три години од почетокот на новиот концепт на брендот до крајот на 2018 година, компанијата има 221 продажно место во Кина.
На почетокот на своето работење во ноември 2017 година, LYNK & CO регистрира неверојатен интерес за своите производи, во само првите две минути по започнувањето на онлајн купувањето каде со моделот – 01, успеа да генерира 6.000 нарачки.
Следниот чекор во развојот на бизнисот на LYNK & CO ќе биде влезот на брендот на европскиот пазар. Првите продавници на компанијата треба да се отворат во 2020 година, со локации како што се Амстердам, Берлин, Брисел, Стокхолм, Лондон и Барселона.