fbpx

М Кар прослави пет години како дистрибутер на BMW и Mini

Компанијата М Кар, која е увозник и дистрибутер на брендовите BMW и Mini за Македонија и Косово го прослави својот петти родеднден

М Кар од 2015 година бележи континуиран раст, при што со посветеност и грижа кон корисниците, постепено ја врати довербата и го достигна приматот создавајќи успешна приказна на пазарот за премиум автомобили и се искачи на тронот во премиум сегментот во Македонија за 2020 година.

„Со напорна работа, посветеност и визија во текот на овие 5 години успеавме брендовите BMW и Mini да ги етаблираме на највисока позиција на македонскиот пазар. Со континуирано исполнување на најновите стандарди на групацијата BMW, поседувајќи извонредна инфраструктура,  придобивките кои доаѓаат од квалитетот на брендовите кои ги застапуваме и работејќи со искусен и посветен тим, М Кар секогаш цели кон задржување на највисоките стандарди на грижа и задоволство на своите клиенти“, истакна меѓу другото генералниот директор на М Кар, Марко Јовановски.

По само две години постоење, во 2016 година, компанијата M Кар ја освои наградата „BMW Presidents Award“, која е најпрестижното и највисоко признание доделено од групацијата BMW на своите партнери. Истата година моделот BMW X1 беше прогласен за SUV на годината 2016.

Благодарение на силното партнерство со групацијата BMW, M Kaр во своето работење секогаш успева да обезбеди промоција на сите нови модели, веднаш по нивните светски премиери на познатите меѓународни саеми.

Освен продажниот и сервисен центар за BMW и MINI, компанијата дополнително врши и дипломатска продажба, користени возила по принципот „старо за ново“, а од 2020 година започнува со дистрибуција на комплетно електрични возила од програмата BMW i и Mini Electric.

За сите заинтересирани потенцијални купувачи, треба да се напомене дека по повод 5-годишнината, М Кар промовира акциски понуди за BMW и Mini, како за продажба, така и во постпродажба, а повеќе информации можете да најдете на нивниот официјален веб-сајт.

Поврзани вести

Back to top button