Индијците ќе произведат корејски автомобили за пазарот во САД
Веќе неколку години шефовите на Mahindra најавуваат дека сакаат да го пласираат својот јужнокорејски бренд, SsangYong, на пазарот во САД
Па, како стојат работите веќе дојде време за реализација на идејата.
Според агенцијата Bloomberg, планот за влез на пазарот во САД чека конечно одобрување од одборот на директори на Mahindra и ќе започне веднаш потоа, со изградба на фабрика во Детроит. Се претпоставува дека одборот на директори на индискиот гигант ќе одлучи за ова прашање мошне брзо, бидејќи како напоменуваат од Bloomberg се работи за некои формалности.
Кои автомобили ќе бидат произведени таму, нема информации, но се претпоставува дека веројатно тоа ќе биде кросоверот Tivoli, кој веќе се нуди во Европа. Всушност, трговското име Tivoli за американскиот пазар е патентирано уште во 2014 година. Исто така можно е да се пласира и моделот SIV-2 – хибридниот кросовер, кој SsangYong го претстави на салонот во Женева, во 2016 година.