fbpx

Мајами добива трка во Formula 1 од следната сезона

По драматичниот и возбудлив викенд во Имола, Formula 1 подготви ново изненадување, најавувајќи проширување на календарот со трка во Мајами од 2022 година

Formula 1 од следната сезона ќе се вози и во Мајами, Флорида на новата патека која е дел од Hard Rock Stadium комплексот. Најбрзиот циркус на планетата се проширува со уште една трка на американско тло, заедно со Circuit of The Americas каде се вози Големата награда на САД и ќе стане 11-тата патека во САД која ќе биде домаќин на F1 настан.

Oд F1 истакнуваат дека вложиле напори Мајами да стане „привремена патека со постојано чувство“, слично како Алберт Парк во Австралија. Заедно со Apex Circuit Designs, успеаја да ја креираат 5,41 километри долгата патека со 19 свиоци, која е создадена по направени 75 различни итерации, од кои најдобрите 36 минале низ симулациско тестирање.

Уникатен дизајн

Финалниот дизајн е избран со цел да се понуди возбудлива трка, а дизајнерите намерно ги инкорпорирале архитектонските карактеристики на стадионскиот комплекс и височинските промени со цел трката да биде уште поинтересна. Максималната брзина која ќе може да се достигне ќе биде 320 километри на час, додека просечната брзина ќе биде 223 км/ч. Главните места за претекнување се предвидени да се прикажуваат по DRS зоните на свиоците 11 и 17, со можна трета точка на првиот свиок, иако постојат и други помали простори за претекнување околу патеката.

Мајами

Покрај самата патека, просторот каде што ќе се одржуваат трките ќе се карактеризира со некои уникатни особености кои ќе помогнат патеката во Мајами да се истакне во однос на другите. Прво, ќе има пристап до 12 кабинските гондоли за гледачите, со што ќе се овозможи уште поуникатен преглед на трката од она што вообичаено може да се види на повеќето трки.

Големата награда на Мајами исто така има за цел да ја зајакне и локалната економија, со вкупно 400 милиони долари позитивен економски импакт кој се очекува да пристигне од 4.000 нови работни места и 35.000 резервации во хотелите.

На крајот, оваа нова патека за возачите, во комбинација со целосно новите болиди за 2022 година и спортските регулативи би требало да се покажат како добитна комбинација.

 

Поврзани вести

Back to top button