fbpx

Македонска премиера на целосно новата Toyota bZ4X

Подобро покасно, од колку никогаш. По долги години игнорирање на трендовите, јапонската Toyota официјално влезе во сегментот на потполно електрично погонувани автомобили

Набрзо по светската премиера, импортерот за македонскиот пазар, Тојота Авто Центар го лансираше на пазарот првиот преставник од суб-брендот на марката (Beyond Zero), моделот BZ4X.

Целосно новиот bZ4X, е првиот модел на Toyota од “ beyond zero” семејството на електрични возила (BEV). Истовремено, покрај тоа што го означува понатамошниот развој на оддамна воспоставените технологии за електрифицирани возила на Тоyota, bZ4X исто така испорачува и важни иновации во безбедноста, системите за помош на возачот и мултимедијалната конекција. Покрај ова, bZ4X ја проширува и улогата на автомобилот, така што тој не претставува само превозно средство од точка А-до-Б, туку нуди и поддршка на нови можности за мобилност.

Toyota bZ4X

Новата Toyota bZ4X

bZ4X е просторно и удобно теренско возило, со нов систем за погон на сите тркала кое обезбедува водечко теренско управување и перформанси, со посебни електрични мотори за секоја оска. Ова е првиот модел што Toyota го развива целосно како BEV, но исто така и првиот модел што ја користи новата платформа eTNGA на компанијата која е посветена на BEV. Врз основа на филозофијата на eTNGA (Toyota New Global Architecture), батеријата се вградува како составен дел на шасијата, под подот на возилото. Ова носи повеќекратни придобивки, вклучително и низок центар на гравитација, одлична рамнотежа на предната и задната оска и висока цврстина на каросеријата. Сето тоа дава позитивен придонес за безбедноста, возењето и управувањето.

Надворешен дизајн

Надворешниот дизајн е елегантен, моќен и едноставен. Препознатливите тенки предни светла и акцентот на предните агли ја отсликува моќноста на автомобилот. Страничниот изглед се одликува со тенки предни столбови и ниска линија на оската што го рефлектира нискиот центар на гравитација. Големите тркала (до 20-инчен дијаметар) доведени до самите агли на каросеријата го изразуваат автентичниот SUV карактер на автомобилот. Дизајнот на задниот дел од автомобилот е со нагласени агли и препознатливо задно светло.

Аеродинамички карактеристики

Дизајнот вклучува аеродинамички елементи кои управуваат со протокот на воздух над и под возилото и придонесуваат за досегот на возење. Тие вклучуваат отвори на предниот браник, кои придонесуваат да се создадат мазни воздушни завеси. Тенката долна решетка има затворач што се прилагодува се со цел да го канализира протокот на воздух за ладење на батеријата, а воедно помага и да се намали отпорноста на ветерот.

Toyota bZ4X

Внатрешен дизајн

Долгото меѓуоскино растојание овозможува пространа, отворена и удобна кабина со пет седишта кој потсетува на пријатен амбиент на дневна соба. Инструмент таблата е ниско поставена, што го зголемува чувството на отвореност и видливост на возачот. Принципот „рацете на воланот, очите на патот“ е поддржан од дизајнот на кабината насочена кон возачот во која 7” TFT екран е сместен директно во предната линија на возачот, над линијата на воланот.
Простор за нозете е водечки во класата, за сите патници. Багажниот простор има капацитет до 452 l со исправени задни седишта.

Toyota bZ4X

Изведба

Изведбата со погон на предните тркала на bZ4X се напојува со помош на електричен мотор од 150 kW. Тој испорачува 204 DIN КС и 265 Nm вртежен момент, овозможувајќи забрзување од 0-100 km/h за само 8,4 секунди и максимална брзина од 160 km/h. Моделот со погон на сите тркала има максимална моќност од 217,5 DIN КС со 336 Nm вртежен момент; максималната брзина е непроменета, додека забрзувањето до 100 km/h е намалено на 7,7 секунди.
Системот нуди опција за „Single pedal drive“ со кој се засилува регенерацијата на енергијата при сопирање што му овозможува на возачот да го забрза и забави возилото користејќи ја само педалата за гас.

Загарантиран квалитет на батеријата

Тоyota го искористи повеќе од 25-годишното искуство во технологијата за електрифицирани возила се со цел да се осигура дека новата литиум-јонска батерија во bZ4X има светски квалитет, издржливост и доверливост. Ваквата доверба во технологијата се рефлектира во програмата за продолжена грижа, која гарантира дека батеријата сè уште ќе работи со минимум 90% од нејзиниот оригинален капацитет, по изминати најмногу 10 години или поминати 240.000km, под услов клиентот да го носи своето возило во овластен Toyota сервисен центар за годишна проверка на состојбата.

Toyota bZ4X

Ова ниво на квалитет и перформанси е поддржано со повеќекратно следење на напонот, струјата и температурата на батеријата, на ниво на поединечни ќелии. Ако се открие какво било абнормално создавање топлина, контролите автоматски се активираат. Воведени се контрамерки за да се ублажи секаква деградација на материјалот и постојат заштитни мерки во процесот на производство со цел да се спречи влегување на туѓа материја во батеријата.

Изведба за ладно време

Благодарение на ефикасниот и ефективен топлотен систем, перформансите и досегот се одржуваат дури и во ладна клима. bZ4X користи топлинска пумпа, односно црпи топлина од надворешниот воздух за да го загрее автомобилот, што е поефикасно и користи помалку енергија од стандардните системи за климатизација.

За дополнителна топлина во кабината, како опционална опрема се нуди и систем за греење за возачот и совозачот, кој е инсталиран под воланот и таблата со инструменти, а чија цел е загревање на долниот дел од нозете и стапалата. Во комбинација со грејачите на седиштата како една од опциите, се обезбедува многу побрзо загревање на кабината, за само една минута.

Toyota bZ4X

Досег

Батеријата има капацитет од 71,4 kWh и се очекува да овозможи досег на возење повеќе од 450 km (применувајќи ги параметрите за тестирање WLTP). Батеријата може брзо да се полни без да се загрози безбедноста или рокот на траење: полнење од 80% може да се постигне за околу 30 минути со систем за брзо полнење од 150 kW (CCS2).

Погон на сите тркала

Системот користи посебни мотори со моќност од 80 kW за придвижување на предната и задната оска. XMODE му овозможува на возачот да избере режим на возење што одговара на условите на патот. Благодарение на водечките способности во овој сегмент, возачите можат да го носат својот bZ4X каде и да ги води патот со целосна доверба, без разлика на условите.

Сеопфатни еколошки перформанси

Позитивниот еколошки профил на bZ4X не е ограничен само на перформансите со нулта емисија на штетни гасови. Тоyota прави широка употреба на рециклирани материјали во конструкцијата на автомобилот и работи со програма за повторна употреба и рециклирање на батеријата, обезбедувајќи максимален животен циклус на неговите компоненти и материјали.

Системи за безбедност и помош на возачот од новата генерација на T-Mate

bZ4X е опремен со напредни Toyota T-Mate системи за активна безбедност и помош на возачот.
Третата генерација на Toyota Safety Sense носи нови и подобрени функции за да се заштитите од уште поширок опсег на ризици од незгоди. Најновите безбедносни системи ги зајакнуваат способностите како партнер на возачот, напредувајќи поблиску до крајната цел на општеството за мобилност „нула жртви и повреди во сообраќајни незгоди“.

Благодарение на надградената предна камера и радар; проширена е способноста на автомобилот да препознава опасности и пречки во уште повеќе сценарија за возење.

– „Системот за избегнување судир“ (Pre-Collision System) може да открие возила и мотоцикли кои доаѓаат од спротивната страна.

– „Помош за свртување на крстосницата“ (Intersection Turn Assistance) сега може да идентификува сообраќај што се приближува преку две соседни ленти наместо само една, како и да детектира сообраќај што се приближува од страната на раскрсницата.

– „Системот за помош при управувањето за итни случаи“ (Emergency Steering Assist) обезбедува дополнително благо сопирање со цел да го задржи автомобилот во сообраќајната лента кога возачот се движи за да избегне опасност како што е пешак, велосипедист или паркиран автомобил.

– „Системот за предупредување при наидување на возила на раскрсница од напред“ (Front Cross Traffic Alert) предупредува при наидување на возила на крстосница, а новиот систем

„Асистенција за безбедно излегување од возилото“ (Safe Exit Assist) може да помогне да се избегне судир помеѓу отворена врата на возилото со возила или велосипедисти кои се приближуваат одзади.

И за максимална удобност, целосно новиот „Напреден систем за паркирање“ (Advanced Park), кој користи четири камери за мониторинг со панорамски поглед и 12 ултразвучни сензори околу автомобилот, може дури и да влезе и да излезе од паркингот без возачот да биде на возачкото седиште – целосно од далечина!

Toyota Safety Sense, исто така, го мониторира однесувањето на возачот со внатрешен монитор кој ја снима неговата вообичаена положба на возење и активира предупредување доколку открие какво било отстапување што може да сигнализира опасно одвлекување на вниманието или дека возачот не се чувствува добро или заспива.

Мултимедијален систем

bZ4X ја користи најновата, помоќна мултимедијална платформа на Toyota со интуитивен екран на допир од 12” , овозможувајќи пристап до навигација базирана на облак (cloud) која овозможува планирање на патувањето, како и пренесување на најновите информации за сообраќајот и паркирањето. Исто така, обезбедува информации специфични за BEV, како што се досегот на возење, поддршка за возење и детали за станицата за полнење.

Toyota bZ4X

Возачот може да комуницира со возилото преку контролите на допир и гласовни команди. Функцијата за препознавање на гласовни команди вклучува опции кој може да ги активира функциите на возилото, како што се прилагодување на климатизацијата или отворање/затворање на прозорците, вклучувајќи и мултимедијални услуги како аудио и навигација.

За повеќе информации посетете го Тојота Авто Центар, или официјалниот веб-сајт на Toyota во Македонија.

Поврзани вести

Back to top button