fbpx

Мал електричен автомобил на VW под 20.000 евра

Базиран на MEB платформата, компактниот автомобил со големина на Polo најверојатно ќе започне со производство по 2023 година

На Саемот за автомобили во Франкфурт, извршниот директор на најголемиот производител на автомобили во светот изјави дека малиот електричен автомобил има „многу смисла“ од еколошка гледна точка. Потоа додаде дека е малку веројатно дека производната верзија ќе биде лансирана пред 2023 година.

Електричниот автомобил со големина на Polo наводно ќе има сериска верзија наречена ID.1 и ќе биде придружуван од компактниот SUV наречен ID.2, кој ќе следи и во 2023 или во 2024 година. Volkswagen веќе ги ги заштити ознаките за модели ID.1 до ID.9 и ID.1X до ID.9X и има некои шпекулации дека „X“ ќе се користи за SUV моделите или за нивните варијанти со погон на четири тркала.

VW

Компанијата прво сака да ги лансира поголемите модели на MEB како ID.Crozz (веројатно ID.4), а дури потоа да го претстави помалиот електричен автомобил, првенствено поради трошоците. „Има уште долг пат. Навистина е тешко да се добие пристоен опсег за автомобил под 20.000 евра“, рече Диз.

Директорот за продажба потврди дека веќе познатите концепти Crozz, Buzz, Vizzion и Roomz треба да станат следните сериски возила засновани на MEB платформата. „На долг рок, јасно е дека треба да се спуштиме и да бидеме поагресивни со цените“, изјави Стакман во врска со помалиот електричен автомобил со основа на MEB.

Поврзани вести

Back to top button