fbpx

Малиот SUV на Ford ќе има погон од Volkswagen

По одличните реакции по премиерата на првиот електричен SUV Mustang Mach-E, Ford планира да произведе и помала кросовер варијанта

Ford има планови за производство на нов SUV, па така малата верзија на Mach-E би требало да добие електричен систем за своја погонска основа од Volkswagen, според информациите кои ги пренесе британски Auto Express.

Ford планира да ја искористи неодамна воспоставената соработка со германскиот гигант и малиот електричен SUV Mustang да го произведува на база на MEB платформата на Volkswagen за електрични возила на која е базиран и неодамна претставениот електричен хечбек ID.3.

Американската компанија веќе подолго време има план да произведува помали електрични автомобили базирани на MEB платформата благодарение на соработката со Volkswagen. Но, директорите и инженерите на Ford се сретнале со колегите во VW за да разговараат околу тоа како новата архитектура, на која е заснован ID.3 ќе може да се прилагоди за подобро да одговара на потребите на Ford.

Ford бара начин да ја имплементира платформата на VW

Посебна тема, која се наметна за време на разговорите, се вели дека е позицијата на предната преграда и основата на шофершајбната. VW го поместуваше овој дел релативно понапред, продолжувајќи го јазот помеѓу воланот и основата на екранот за да овозможи полесно вклопување на технологијата за прикажување на екранот во ID.3. Тоа ја прави хаубата прилично пократка, па затоа е потешко за Ford да создаде помал модел каков што посакува, односно со профил на својот Mustang.

Како и да е, од двете компании веруваат дека нема да имаат проблеми за успешна соработка, па малата верзија на Mach-E, благодарение на системот на Volkswagen, би требало да развива околу 300 КС и да има автономија од околу 500 километри.

Поврзани вести

Back to top button