fbpx

Manhart ја претстави својата верзија на Supra GR 450

Германската тјунинг компанија Manhart се приклучи на останатите компании кои сметаат дека актуелната генерација на Supra има многу поголем потенцијал

Новата генерација на Toyta Supra доби третман и од тјунерот Manhart кој е познат по своите модификации на моделите на BMW. Со оглед на тоа дека новата Supra е развиена во соработка токму со баварскиот гигант и го користи нивниот мотор, не треба да претставува изненадување што Manhart се позанимава и со петтата генерација на популарното јапонско купе.

Во Manhart минатата година го претставија модифицираниот BMW Z4, кој исто така е плод на соработката меѓу BMW и Toyota, чиј 3,0-литарски шестцилиндерски битурбо мотор беше „набилдан“ на 440 КС, а за сопствениците на Supra која се напојува со истиот мотор подготвија сличен пакет кој се крие зад ознаката GR 450.

Така, наместо стандардните 340 КС и 500 Nm максимален вртежен момент, кои со посредство на осумстепениот автоматски менувач се пренесуваат на задната осовина, Manhart Suprа GR 450 поседува 450 КС и 650 Nm максимален вртежен момент, а дополнителниот потенцијал на овој модел се истакнува и нагласува со значително повеќе звук кој произлегува од новиот издувен систем.

Manhart Supra

Cupra GR 450 е поставена на нови 20-инчни фелни кои се нудат во повеќе комбинации, а зад нив се крие адаптивниот систем на потпирање од KW. Сликата на оваа нешто поинаква Supra ја пополнуваат црвените и сивите детали на купе каросеријата. Од Manhart не соопштија детали за перформансите на нивната верзија на Supra.

Поврзани вести

Back to top button