fbpx

Manhart подготви „оф-роуд“ третман за BMW X7

Manhart го додаде BMW X7 во својот каталог на модифицирани автомобили, со тоа што „знаменосецот“ на баварската компанија доби „оф-роуд“ третман и поголема моќност

Инспириран од оклопните возила за специјалните единици, Manhart подготви своја верзија на BMW X7 која го понесе називот MHX7 650 Dirt Edition. Каросеријата е обложена со специјална фолија со избрусена мат црна површина, а тука се и 20х10-инчните Black Rhino фелни обложени со Maxxis Bighorn MT-764 305/50 пневматици и модициран воздушен систем на потпирање, со што се зголемува клиренсот за околу 40 милиметри.

MHX7 650 Dirt Edition од Manhart е базиран на M50i верзијата на BMW X7. Моделот пристигнува со многу поголема моќност благодарение на издувниот систем од нерѓосувачки челик со контрола на вентилите, HJS downpipe на Manhart, а ремапирана е и ECU единицата. Како резултат на сето ова, тјунираниот X7 и неговиот 4,4-литарски V8 мотор сега испорачува моќност од 650 КС и 920 Nm максимален вртежен момент.

Ова го прави MHX7 650 Dirt Edition на Manhart помоќен во однос на Alpina XB7 кој има моќност од 621 КС и 800 Nm и чија максимална брзина изнесува 290 километри на час.

За споредба, фабричкиот битурбо 4,4-литарски V8 мотор испорачува 530 КС и 750 Nm и е во комбинација со осумстепен автоматски менувач и погон на сите тркала со M Sport заден диференцијал. Оваа комбинација му овозможува на X7 M50i да забрза од нула до „стотка“ за помалку од пет секунди и достигнува електронски ограничена максимална брзина од 209 километри на час, односно 250 километри на час со летни пневматици за високи перформанси.

Manhart BMW

Поврзани вести

Back to top button