fbpx

Manhart RQ900 – Q8 со 905 КС

Audi RS Q8 е SUV кој има голема моќност и фантастични перформанси и во својата фабричка конфигурација, но во Manhart сметаат дека секогаш може повеќе

Manhart Performance е еден од најпознатите тјунери кои се занимава и е специјализиран за моделите на Audi, а сега германската тјунерска куќа подготви своја верзија на луксузниот и моќниот SUV RS Q8. Моделот наречен RQ 900 на Manhart беше најавен со рендери уште пред една година, а сега конечно е достапен за ограничен број на купувачи.

Audi RS Q8 се напојува со 4,0-литарски битурбо V8 мотор кој испорачува 591 КС и 800 Nm максимален вртежен момент, но Manhart направи модификации со кои овие бројки ги зголеми на вртоглави 905 КС и 1.180 Nm максимален вртежен момент. Со ова, тјунерската куќа успеа да ги надмине понудите од конкурентските тјунери Mansory, ABT и MTM, а треба да се истакне и дека станува збор за вториот најмоќен Audi RS Q8, бидејќи на врвот и понатаму останува „ѕверката“ на Wheelsandmore која под хаубата има неверојатни 996 КС.

Manhart Audi

Инаку, Manhart за зголемување на моќноста ја ремапираше ECu единицата, вгради Eventuri карбонски всисувач, свој меѓуладилник, направи подобрувања на турбополначите, додаде спортски downpipe со катализатори, а унапреден е и автоматскиот менувач. Податоци за перформансите нема, но реално е да се очекува RQ 900 да биде значително побрз од стандардниот RS Q8 кој од нула до „стотка“ забрзува за 3,8 секунди и достигнува максимални 305 километри на час.

Многу помалку суптилен во однос на RS Q8

Кога станува збор за стајлингот, овој RQ 900 се одликува со многу понагласен дизајн и поагресивен изглед. На каросеријата се наоѓаат различни златни графики и затемнети детали. Меѓу новите компоненти тука се и пошироките сводови над тркалата, предниот сплитер, праговите, задниот спојлер и поизразениот дифузер. Новиот издувен систем од нерѓосувачки челик доаѓа со активни вентили и завршни цевки со димензии од 100 милиметри со керамичка или карбонска завршна облога.

Manhart Audi

SUV моделот е поставен на масивни Manhart Classic Line 24-инчни тркала во мат црна боја со златни прстени, а напред се поставени пневматици со димензии 295/30 ZR 24, додека позади 355/25 ZR 24. Фабричкиот воздушен систем на потпирање е спуштен за 30 до 40 милиметри, а Manhart нуди и опциони подобрувања на сопирачкиот систем за оние кои не се задоволни од Audi Sport карбон-керамичките дискови.

Внатрешноста содржи златни детали на контролната табла, централната конзола, вратите и управувачот, а тука се и патосниците на Manhart, како и нова кожа со декоративен конец.

Manhart Audi

Manhart ќе го трансформира Audi RS Q8 во RQ 900 за навистина значителна сума. Така, подобрувањето на перформансите чинат 22.500 евра, 24.900 евра треба да се издвојат за body kit, 839 евра за налепници, 9.900 евра за тркалата, 832 евра за софтверот за спуштање на системот за потпирање, 8.473 евра чини издувниот систем и 29.900 евра чинат подобрувањата во ентериерот. Вкупно, за модификациите е потребно да се издвојат 67.409 евра.

Поврзани вести

Back to top button