Маркионе: Електрични автомобили се убава фантазија!
Големиот шеф на FCA, Серџо Маркионе, еден од „милениците“ на медиумите во автомобилскиот свет, со својата последна изјава на салонот на Детроит, повторно не ги „поттикна“ новинарите за разни забелешки и коментари на истата
-Не знам се уште голема компанија која „прави многу пари“ од продажба на електрични автомобили? Профитот е возможен само ако продажбата е во големи количини. Но, ова е исклучително ретко, објасни Маркионе. – FCA ќе се насочи во производство на електрични автомобили кога тоа ќе се бара со закон. Сега, дури и големите инвестиции во овие технологии не можат да ви гарантираат удел на пазарот, затоа има, а и ќе има уште многу загуби во овој поглед на ова поле.
Претходно, Маркионе призна дека секој електричен FIAT 500e има загуба од 20.000 долари за компанијата и ги повика корисниците да не го купуваат. Сега тој има сличен став за сите електрични возила.
-Во следните децении, јас не очекувам автомобилскиот свет да добие целосна електрификација, вели шефот на FCA. -Електричните автомобили, како и автономните технологии со вештачка интелигенција, се сеуште фантазија, во најдобар случај.
Тој уште еднаш рече дека ниту една компанија не може да одговори на прашањето кога точно електрични автомобили и автономни автомобили ќе почнат да го освојуваат пазарот. Затоа ги нарече сите предвидувања –„ветувања”! Интересно, последниот коментар на Италијанецот дојде откако Ford објави дека компанијата ќе инвестира 11 милијарди долари во развојот на 40 нови модели на електрични автомобили, кои мора да се најдат на пазарот до 2022 година.