Маркионе тешко болен, Мајкл Манли е новиот CEO на FCA
На вонредна седница, Бордот на директори на FCA (Fiat Chrysler Automobiles) одлучи да го назначи Мајкл Манли за нов CEO/ Извршен директор на италијанско-американскиот автомобилски концерн
Тој го менува на оваа функцијата Серџо Маркионе, а како главна причина за промената се споменува лошата здравствена состојба на Италијанецот по интервентната операција и неможноста да се врати на работа. Сопственикот на FCA Џон Елкан изрази жалење за состојбата на Серџо Маркионе, испрати желби за брзо закрепнување до неговото семејство и истакна за необичниот придонес, како во човечки, така и на професионален план, кој тој го има направено за компанијата во последните 14 години.