fbpx

Маркионе одби да го продаде Јеер на Кинезите

FCA нема намера да продава делови од компанијата, ниту пак ќе бара договор со кинеските компании кандидати за купување Jeep, бидејќи американската марка е многу важна за идниот профит на концернот

Ова беше потврдено од Серџо Маркионе, на прес-конференцијата во Детроит.

Маркионе

 

-Нема ништо да се дели. Ние немаме намера да го продадеме FCA во делови, особено не Јеер на Кинезите, беше категоричен Маркионе.

Италијанскиот шеф на FCA е во „полн налет“ оваа недела, прво објави дека со помош на Jeep компанијата ќе го удвои профитот, а потоа најави дека Ferrari ќе лансира SUV модел, кој ќе чини најмалку 300.000 евра и компанијата ќе продава 2.000 такви автомобили годишно во Кина. Сега и оваа изјва, во која Маркионе повторно напомена дека има амбициозни планови за Jeep и сака брендот да достигне ниво од 2 милиони продадени возила годишно.

Ова доведе до гласини дека Jeep може да биде одделен од FCA, слично на Ferrari, за да се крене неговата пазарна цена и компанијата да добие свежо финансирање. Со години се зборува дека Маркионе се обидува да го продаде FCA, а во 2015 аналитичарите забележаа неуспех на обидот на Серџо да обезбеди сојуз со General Motors.

Маркионе

Минатата година, пак акциите на FCA на берзите скокнаа нагло нагоре, откако се појави информација дека Great Wall и Hyundai сакаат да ја купат италијанско-американската компанија со седиште во Холандија. Големиот бос на FCA ја потврди својата намера да се пензионира во почетокот на 2019 година и потврди очекувањата дека неговиот наследник ќе биде некој од шефовите во компанијата, кои сега се под негово раководство.

Поврзани вести

Back to top button