Maserati го покажа дизајнот на новиот GranTurismo
Во пресрет на премиерата, Maserati одлучи пред светот да го покаже надворешниот дизајн на новиот GranTurismo
Maserati сè уште официјално не го откри новиот GranTurismo. Сепак, тоа не ja спречи италијанската компанија да го покаже дизајнот на новиот автомобил предвреме. Покрај откривањето на надворешниот дизајн на GraTurismo, најновиот тизер потврдува дека моделот ќе се нуди во Modena и Trofeo издание и ќе биде опремен со V6 Nettuno мотор.
Очекувано, најголемиот дел од каросеријата е споделен помеѓу GranTurismo со V6 погон и „сестринскиот“ модел, електричниот Folgore. Промените се фокусирани на предниот дел каде што „обичниот“ GranTurismo добива поголеми доводи за воздух на браникот и различна решетка за ладење. Сплитерот, исто така, се чини дека е поистакнат и доаѓа со карбонски финиш.
Профилот е идентичен со електричниот модел, со исклучок на различниот дизајн на тркалата, што ги изложува повеќе големите диск сопирачки и сино обоените шапи. Назад, акцентот е ставен на редизајнираниот браник со четири издувни цевки на темниот дифузор. Благодарение на фотографиите со висока резолуција, подобро се забележува LED графиката на елегантните задни светла и уредно интегрираниот спојлер на багажникот.
Nettuno V6 под хаубата
Што се однесува до 3.0-литарскиот битурбо Nettuno V6 мотор, компанијата не ја откри специфичната моќност за Modena и Trofeo верзиите на GranTurismo. Сепак, познато е дека моторот е способен да испорача до 630 КС и 729 Nm вртежен момент кај суперавтомобилот MC20, иако многу е веројатно дека GranTurismo ќе има различно и помалку моќно подесување. Почетниот модел може да произведе поблиску до 530 КС и 619 Nm вртежен момент на најмоќниот теренец Maserati Grecale Trofeo. Во секој случај, GranTurismo со мотор на внатрешно согорување ќе биде помалку моќен од целосно електричниот GranTurismo Folgore.
Наместо да го покрие GranTurismo со маскирна обвивка, Maserati се одлучи за дискретна „униформа“ со препознатливиот амблем и значки од 75-годишнината на прозорците. Како што е опишано од компанијата, идејата за „автомобил со високи перформанси, погоден за долги растојанија и удобни патувања“ дојде за време на економскиот подем на Италија по мрачните години на Втората светска војна. Првиот член на групата GT на Maserati беше A6 1500 во 1947 година, следен од 3500 GT во 1957 година и многу други модели, што доведе до оригиналниот GranTurismo.
Maserati не објави конкретен датум за дебито на новиот GranTurismo, но се очекува лансирање на пазарот некаде во 2023 година заедно со електричниот GranTurismo Folgore, со оглед на тоа дека компанијата работи на тоа секој модел да го нуди и во ЕВ варијанта. Планот на Maserati е да се трансформира во целосно електричен бренд до крајот на оваа деценија.