Maserati го претстави целосно новиот Grecale
Maserati Grecale се приклучува во поставата на италијанскиот бренд како вториот SUV на компанијата кој пристигнува со неколку погонски опции
Италијанската марка Maserati го претстави својот втор SUV модел во поставата, целосно новиот Grecale, кој ќе се најде во продажба подоцна оваа година. Новиот Grecale ќе биде достапен со конвенционални и хибридни погонски опции, додека целосно електричната Folgore варијанта ќе се приклучи кон поставата подоцна.
Grecale во гамата на Maserati е поставен под Levante, со димензии од 4.859 во должина, 1.979 ширина и 1.659 милиметри во висина, додека меѓуоскиното растојание изнесува 2.901 милиметри. SUV моделот го добива и VDCM модулот на Maserati, што е еволуција од MC20. Системот предвидувачки ги контролира динамиките на возилото, работејќи заедно со селектирачките режими на возење со цел да понуди поприспособено возачко искуство. Како стандарден дел од опремата се и осумстепениот автоматски менувач од ZF и погонот на сите четири тркала.
Моќен агрегат инспириран од F1
Новиот Grecale ќе биде достапен кон крајот на 2022 во четири трим варијанти – GT, Modena и Trofeo, плус ограничениот PrimaSerie едицијата која ќе биде достапна при лансирањето. GT и Modena верзиите добиваат 2,0-литарски четирицилиндричен благ хибриден погон, во две верзии на моќност – помоќниот Modena нуди 330 КС, односно 30 КС повеќе од GT, додека и двете верзии испорачуваат ист максимален вртежен момент од 450 Nm. Според Maserati, GT верзијата од нула до „стотка“ стигнува за 5,6 секунди, додека Modena е нешто побрза и потребни и се 5,3 секунди. Италијанската компанија најавува максимална брзина од 240 километри на час за двете варијанти.
Trofeo ќе биде врвната перформанса Grecale варијанта, со спринт до „стотка“ за само 3,8 секунди и максимална брзина од 285 километри на час. Моторот под хаубата е битурбо 3,0-литарски V6 со 530 КС и 620 Nm. Истиот е инспириран од Formula 1 и е развиен на база на Nettuno моторот кој се наоѓа кај MC20.
Воздушниот систем на потпирање е стандарден кај Trofeo, а достапен како опција кај остатокот од поставата. Овие верзии пристигнуваат со подесувачка висина, со шест режими, вклучително и 30-милиметарско подигнување во оф-роуд режимот и 30-милиметарско спуштање во паркинг режимот за полесно влегување и излегување од возилото.
Мини верзија на Levante
Иако можеби е погрешно да се каже дека дизајнот на Grecale е всушност минијатурна верзија на Levante, сепак севкупната дизајнерска тематика на брендот е аплицирана на целиот модел, правејќи го инстантно препознатлив од предната страна. Главната карактеристика е решетката за која Maserati вели дека сакале да ја направат импозантна, но притоа да не претеруваат со димензиите. Сепак, кога ќе се погледне од профил, новиот италијански SUV станува помалку карактеристичен, додека задниот дел се одликува со потенки „бумеранг“ задни светла инспирирани од Giugiaro 3200 GT.
Кабината на Grecale делува дека е клучниот дел од напредокот за Maserati. Претходните модели, вклучително и Levante, потфрлија кога станува збор за дизајнот на ентериерот. Grecale од друга страна добива двоен централно разделен екран. Горниот е со димензии од 12,3 инчи, додека долниот има големина од 8,8 инчи и се нарекува „панел за удобност“.
Негативна работа во новиот дизајн е тоа што има помалку физички копчиња од претходно, па сега возачот ќе мора да ги користи екраните на допир за некои од есенцијалните функции. Maserati вели дека во кабината има четири екрани, но покрај двата централни екрани и дигиталниот инструмент кластер, многумина ќе се прашуваат каде е четвртиот. Изненадувачки, четвртиот екран е дигиталниот часовник, исто така познат како дигитален паметен часовник, кој е поставен на врвот на контролната табла.
Grecale пристигнува со два нови Sonus Faber аудио системи, а поскапата опција е сочинета од 21 звучник и 3D звук со моќност од 1.200 W. Тука се и бежичните Apple CarPlay и Android Auto, кои функционираат преку Intelligent Assistant мултимедија системот на Maserati.
Целосно електричниот Grecale Folgore пристигнува догодина
Целосно електричниот Grecale Folgore се подготвува за производство следната година. Првиот целосно електричен Folgore ќе добие 400V технологија. За разлика од останатите модели од Stellantis групацијата, Grecale нема да биде поставен на SLTA EV платформата и наместо тоа користи модифицирана архитектура за конвенционални возила.
Иако конкретните перформансни детали не се откриени, електричниот Grecale ќе биде опремен со 105 kWh батерија и ќе понуди до 800 Nm вртежен момент. Grecale Folgore исто така ќе добие и уникатна палета на бои за остатокот од поставата, креирана врз база на Северната светлина.
Grecale GT, Modena и Trofeo ќе бидат понудени како модели за 2022 моделската година во Европа, а наскоро се очекуваат и деталите за датумот на испорака и цените.