fbpx

Maserati никогаш нема да се откаже од стандардните мотори

Италијанскиот производител Maserati никогаш нема да се откаже од употребата на мотори со внатрешно согорување во своите модели

Ова го најави шефот на американската подружница Ал Гарднер. Топ-менаџерот беше категоричен дека компанијата почнува да развива мали и plug-in хибриди, како и електрични возила, но нема да престане да ги користи моторите со внатрешно согорување и тие секогаш ќе бидат дел од нејзината палета. Гарднер додаде дека сегашните модели на брендот ќе бидат целосно надградени до 2022 година.

„Сите модели на Maserati ќе бидат електрифицирани на еден или друг начин, а овој процес ќе започне со нашиот нов кросовер, кој ќе го претставиме на автосалонот во Женева во 2020 година. Тој ќе заземе место под Levante во нашата палета“, објасни Гарднер.

Maserati

Шефот на американската подружница призна дека Maserati и FCA, во моментот имаат сериозни проблеми. Во првите три месеци од 2019 година, продажбата на групата опадна за 29%. Кај производителот на луксузни автомобили работите се уште полоши, каде за овој период се продадени едвај 149 примероци, што е за 45,5% помалку од истиот период на 2018 година.

„И покрај се, Maserati останува бренд кој не може да постои без мотори со внатрешно согорување. Тој има потреба од груби емоции и тоа е единствениот начин за да ги обезбеди“, заврши Гарднер.

Поврзани вести

Back to top button