fbpx

Maserati подготви MC Edition верзии за Ghibli, Levante и Quattroporte

Пред да биде повлечен V8 моторот од употреба, Maserati одлучи да ги поднови моделите Ghibli, Levante и Quattroporte со специјална MC Edition верзија

Maserati лансира нова серија на MC Edition верзии за својот опсег на модели со V8 мотори, во кој се вклучени Ghibli, Levante и Quattroporte. MC означува Maserati Corse, со што се оддава почит на тркачкото наследство кое го има италијанската марка.

MC Edition моделите се достапни во две ексклузивни бои – Giallo Corse и Blu Vittoria. Giallo Corse е трослојна жолта боја, додека Blu Vittoria е трослојна сина со мат финиш. Независно од изборот на бои, MC Edition опсегот добива Piano Black детали на екстериерот и специјален беџ на предните крила и B-столбовите. За оваа пригода Maserati одбра 22-инчни тркала за Levante SUV моделот и 21-инчни тркала за Ghibli и Quattroporte седаните, сите финиширани во сјајна црна боја со сини шапи на сопирачките.

Во внатрешноста се наоѓа трим од син карбон, заедно со жолтите и сини конци на Nero Pienofiore црната кожа со тексас акценти. MC Edition логото е извезено на потпирачите за глава со боите на италијанското знаме додека слична плакета може да се најде и на централната конзола. Како дел од стандардната опрема за оваа верзија на моделите вклучени се и електричниот сончев покрив, Bowers & Wilkins аудио систем и Driver Assistance пакетот.

Maserati MC Edition

Под хаубата на моделите се наоѓа битурбо 3,8-литарскиот V8 мотор кој испорачува 588 КС и 730 Nm максимален вртежен момент, ексклузивно во комбинација со осумстепен автоматски менувач. Овој V8 кој е добиен од Ferrari е пред замирање бидејќи Маранело ќе престане да го снабдува Maserati со мотори од оваа година. Оттаму, може да се смета дека овие MC Edition модели се „лебедовата песна“ за овој V8 кој Maserati ќе го замени со сопствениот Nettuno V6 мотор кој го претстави минатата година со MC20 суперавтомобилот.

Поврзани вести

Back to top button