Maserati со нов GT Sport пакет и Edizione Ribelle едиција
Потенцијалните купувачи на моделите на Maserati од март ќе можат да сметаат на новиот GT Sport пакет на опрема како и ограничената Edizione Ribelle серија
Паралелно со неодамна објавените амбициозни планови на италијанската автомобилска компанија, кои се однесуваат на претставувањето на хибридните и електричните модели, но и долго чеканиот наследник на моделот Gran Turismo, во Maserati се трудат својата актуелна понуда која е засновата на три модели да ја одржат интересна и конкурентна.
По неодамна претсавеното ограничено издание кое се крие зад називот Royale Special Series, а со кои купувачите на моделите Ghibli, Quattroporte и Levante им се нуди уште поголемо ниво на комфорт и луксуз, во Maserati подготвија и GT Sport пакет со елементи кои дополнително го нагласуваат спортскиот карактер на споменатото трио.
Купувачите кои ќе се одлучат за пакетот GT Sport можат да сметаат на поинакви дизајнирани браници, маска на ладилникот, уникатни 20-инчни фелни (21-инчни во комбинација со моделот Levante) и кочнички шапи во црвена, сина или црна боја, а кабините на моделите Ghibli и Quattroporte се опремени со дрвени елементи во сјајно црна боја.
Сепак, GT Sport пакетот не ги вклучува посилните трилитарски V6 битурбо мотори кои инаку се нудат во комбинација со 350 и 450 КС. Цената на пакетот се уште не е објавена.
Исто така, новост кај Maserati е и Edizione Ribelle специјалната едиција во која се наоѓаат 100 примероци од моделот Levante, 100 Ghibli и 25 Quattroporte.
Автомобилите се во Nero Ribelle (црна) боја, со црни хромирани детали, 20-инчни алуминиумски тркала, црвено-црни кожни седишта, детали од карбон и Harman Kardon аудио систем.
Кога станува збор за цените на Maserati Edizione Ribelle тие изнесуваат 93.385 долари за Ghibli, 98.485 долари за Levante и 120.985 долари за Quattroporte. Исто како и GT Sport пакетот, така и Edizione Ribelle едицијата ќе се најде во продажба од март годинава.