fbpx

Maserati со нови тизер фотки ја откри формата на Grecale

Maserati Grecale ќе дебитира оваа пролет, а италијанската марка објави нов сет на тизер фотографии во кои се открива формата на новиот кросовер

Италијанската компанија Maserati ќе го лансира својот нов кросовер Grecale оваа пролет, а во пресрет на премиерата објави нова серија на тизер фотографии на кои е прикажан прототипот во камуфлирано издание за време на тестовите, притоа прикажувајќи ја формата на моделот.

Фотографиите го покажуваат и тековниот развој на Grecale во Шведска и Лапланд регионот во Финска. Зимските услови варираат од нешто над нулата, па се до -30 степени целзиусови. Maserati ги тестираше возните способности и стартувањето на кросоверот во зимски услови, а фокусот е ставен и на триењето и управливоста.

Maserati Grecale

Инаку, со Grecale, Maserati добива модел во својата постава кој ќе биде поставен под Levante. И покрај камуфлажната обвивка, возилото јасно се одликува со генерално заоблен стајлинг, со исклучок на рамната решетка и вертикалните цевки.

Погонските опции за Grecale остануваат мистерија. Перформансната Trofeo верзија наводно ќе користи битурбо 3,0-литарски V6 со 630 КС од Maserati MC20 или битурбо 2,9-литарски V6 со 508 КС од Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio. Според продукцискиот план на Maserati, Grecale ќе добие и своја електрична верзија.

Maserati Grecale

Grecale првично требаше да дебитира во Милано во ноември минатата година. Сепак, компанијата ја одложи премиерата за оваа пролет поради глобалниот недостиг на полупроводници. Од Maserati истакнаа дека новата и врвна технологија на моделот има потреба од микрочипови кои беа тешко да се најдат на пазарот.

И покрај тоа што е објавена генерална рамка за премиерата, точниот датум за Grecale се уште не е познат, а исто така не се знае дали Trofeo верзијата ќе пристигне во истото време или ќе биде претставена нешто подоцна.

Поврзани вести

Back to top button