fbpx

Matsuoka ја претвори Mazda MX-5 во ретро-родстер

Од 2008 година јапонската компанија Matsuoka го нуди моделот Himiko- родстер со дизајн кој ги комбинира цртите на Jaguar XK120 и Morgan Plus 4

При дебито на Himiko на пазарот родстерот беше базиран на третото поколение на Mazda MX-5, а сега на последната генерација на моделот. Новиот модел Himiko личи многу на својот претходник, но всушност е пократок и поширок, иако дизајнот останал речиси непроменет, или барем идеите, вгнездени во него. Вратите и текстилните материјали доаѓаат директно од MX-5, како и ентериерот на автомобилот, но во Matsuoka направиле подобрувања за да се промени атмосферата.

Matsuoka

Што се однесува до моторот, тука промени нема- Himiko е управуван од истиот 1.5-литарски мотор, со кој MX-5 е достапен во Јапонија и Европа, а клиентите можат да избираат меѓу механички и автоматски менувач. Himiko е со речиси 100 килограми потежок од MX-5, што одзема дел од динамиката зад воланот, но истражување меѓу клиентите на Matsuoka покажала дека за нив е поважен впечатокот што го остава креацијата, отколку брзината.

Цените на Himiko почнуваат од речиси 5 милиони јапонски јени или 46.500 долари, а моделот се нуди и во Европа.

Поврзани вести

Back to top button