fbpx

Mazda MX-5 со помоќни мотори

Јапонската компанија Mazda го модернизира родстерот MX-5 за европскиот пазар

Автомобилот доби помоќни мотори, а исто така беше подложен на мали козметички промени. Досега топ изведбата на родстерот Mazda MX-5 беше опремен со 4-цилиндерски мотор Skyactiv-G 2.0 со моќност од 160 КС и 200 Nm максимален вртежен момент. Јапонците го модернизираа овој мотор за европскиот пазар, благодарение на што продуктивноста му се зголеми на 184 КС и 205 Nm.

Сепак, нема информации како модернизацијата на моторот влијаеше на динамиката. Во сегашната верзија со 160 КС Mazda MX-5 забрзува од место до 100 km/h за 7,3 сек, а максималната брзина му е 214 km/h. Исто така и 1.5-литарскиот мотор е ревидиран. Јапонците, не откриваат детали ниту за него.

Досега неговата моќ беше „131 коњ“ со максимален вртежен момент – 150 Nm. Со овој мотор родстерот забрзува до 100 km/h за 8,3 секунди. Реновиранaта Mazda MX-5 ќе им биде понудена на европските потрошувачи со системот за препознавање на сообраќајните знаци, предна камера и систем за автоматско принудно запирање со препознавање на пешаци.

Автомобилот ќе биде достапен на пазарот во Европа кон крајот на летото.

Mazda MX-5

Поврзани вести

Back to top button