fbpx

Mazda произведе 50.000.000 автомобили во Јапонија

Mazda Motor Corporation објави дека вкупното производство на брендот во Јапонија достигна граница од 50.000.000 единици

Јубилејниот автомобил беше составен по 86 години и 7 месеци, од почетокот на работењето на компанијата, која го составила својот прв модел, во октомври 1931.

„Mazda започна со производство на автомобили пред 86 години и сега достигнавме граница од 50 милиони единици произведени во Јапонија. Ова покажува колку е долга историјата на Mazda“, истакнуваат од марката.

Во оваа календарска година, Mazda Motor Corporation (за четири месеци) објави зголемување од 4,1% во Јапонија, со вкупна продажба на од 209.660 единици. Вкупно, во 2017 година, глобалното производство на компанијата се зголеми за 1,4%, односно 1.607.602 единици, од кои 971.455 беа пласирани на домашниот пазар.

Mazda

Поврзани вести

Back to top button