fbpx

Mazda потврди деби на прототип со ротор мотор во Токио

На салонот во Токио, Mazda ќе претстави нов концептен автомобил кој ќе биде модернизирана верзија на прототип RX Vision, со  ротор мотор прикажан во 2015 година

Ова го најави потпретседателот на брендот, задолжен за истражување и развој во Европа, Мацухиро Танака.

– Кога презентираме концепциски автомобил, нашата намера е од инжинерска и дизајнерска гледна точка тој да се најде на производствените ленти. Можам да кажам дека ќе сториме сé за да го „претвориме“ овој прототип во сериски модел, бидејли сметаме дека ќе има добра перспектива, рече Танака.
ротор мотор
Говорејки за заживувањето на ротор моторите, шефот на новиот оддел за развој, Кјоши Фуџивара, додаде дека „мала група” инженери сè уште работат на новата енергетска единица. Тешкотиите на кои наидуваат екепсртите најчесто се технички, а потоа и финансиски за сериската имплементација на проектот. Според Фуџивара, дизајнот на новиот прототип може да помогне да се искористи ротационен мотор и во хибридниот погон. Според него, „чист ротационен мотор е токму она што тие би сакале да го видат обожавателите на овој тип на погони”.
ротор мотор
Се очекува премиерата на новиот концепт да биде поврзана со 50-годишнината на моделот во кој е вграден првиот ротор мотор од Mazda – Cosmo Sport 110S. Се претпоставува дека машината ќе има моќна турбина и електричен компресор, моќност од 500 КС, ласерски свеќички и нов механизам за отворање на вратите. Многу е веројатно дека сериската верзија на концептот ќе се најде во производство во 2020 година.

Поврзани вести

Back to top button