fbpx

Mazda со EV и plug-in хибриди до 2022 година

Јапонскиот производител најави воведување на електрични модели уште од наредната година, како и plug-in хибриди во 2021-22 година

Mazda ќе лансира неколку нови возила и погонски единици во наредните години, со цел да се осигура дека ги исполнува построгите емисиони стандарди за CO2 во Европа. Извршниот директор Акира Марумото потврди дека компанијата ќе го претстави своето прво целосно електрично возило следната година, кое ќе биде проследено со различни хибридни модели од 2021 или 2022 година.

“Прво, Skyactiv-X моторот кој го лансираме оваа година емитува помалку од 100 грама/км CO2. Второ, првото Mazda батериско електрично возило ќе се појави на пазарот веќе следната година. Конечно, ќе воведеме хибридни модели од 2021 или 2022 година. На крајот ќе ја постигнеме целта на емисиите, иако во 2020 година ќе имаме некои потешкотии “, изјави Марумото.

Mazda

Деталите за претстојното електрично возило на Mazda остануваат малку ограничени. Сепак, овој проект беше најавен минатата година, кога беше објавено дека ќе се работи за самостоен модел, а не за модел базиран на постоечката ICE Mazda. Покрај тоа, потврдено е дека автомобилот ќе биде опремен со сопствената технологија на мотори на Mazda, а не со електричните системи развиени со Toyota и Denso.

Во меѓувреме, Mazda работи на благи хибридни верзии на својот претстоен погон Skyactiv-X. Исто така, се работи и за подобрување на ефикасноста на дизел моторите што ги користи во возилата како Mazda 6 и CX-5.

Поврзани вести

Back to top button