Возачите и натаму сакаат да возат, а не да бидат возени?!
Според испитувањето чии резултати ги објави Mazda, двајца од европските возачи и натаму сакаат да возат, па дури и тогаш кога автономните автомобили ќе бидат вообичаени
Испитувањето го спроведе агенцијата Ipsos, а е нарачано како дел од маздината кампања Drive Together. За потребите на студијата се анкетирани 11.008 лица на клучните европкси пазари и откри дека во просек 66% од возачите сакаат да останат зад управувачот, па и покрај тоа што се најавува дека автономните автомобилите се иднината и ќе бидат широко достапни.
Во Велика Британија, Германија, Австрија и Полска овој процент се зголемува до 71%, а само во Италија се спушта до 59%. Студијата исто така покажува дека само 33% од возачите го поздравува пристигнувањето на автономни автомобили, со удел во Франција и Холандија од 25% и во Велика Британија 29%.
Интересно е дека нема факти за тоа кого повеќе автономните автомобили привлекуваат, помладите или постарите, затоа што од 18-24 години имаме 33% кои дале позитивно мислење, во старосната граница од 25 до 34 години тоа се 36% и оние од 35-44 години 34%.
Испитувањето исто така открива значајна емотивна поврзаност меѓу автомобилите и возачите. Просечно 69% возачи се надеваат дека идните генерации и натаму ќе можат да управуваат со возилата, а тој процент е најизразен во Полска- 74%, во Велика Британија, Германија, Франција и Шведска- 70%. Има и такви кои во автомобилот „се гледаат себе“ и чинот на управување „го сметаат за продолжување на идентитетот“.
Такви анкетирани во Полска се дури 56%, а во Италија 46%. Резултатите на прашањето „ дали возењето им причинува задоволство или забава“ дури 54% Европејци одговориле позитивно. Тој процент е најголем во Шведска- 54%, а во Велика Британија, Холандија, Полска и Австрија до 60%.
Во анкетата испитаниците одговараа уште на многу прашања, но секако поинтересни се оние дека 37% преферираат возење во однос на РС игрите, 23% дава предност на место зад воланот во однос на пиење, ист е процент и во однос на спортување, а во Италија и Велика Британија 19% од возачите изјавиле дека сакаат повеќе возење од секс, 12% меѓу жените и 7 % меѓу мажите.