fbpx

McLaren официјално го претстави моќниот 765LT

Британскиот бренд го претстави својот нов суперавтомобил, McLaren 750LT кој пристигнува со подобри перформанси во однос на базичниот 720S

McLaren 765LT е поставен на базата на веќе одличниот 720S и целата приказна ја подигнува на уште повисоко ниво. Инженерите на McLaren успеаја да ја намалат масата и да ги подобрат управувањето и возните карактеристики. Новиот модел користи 4,0-литарски twin-turbo V8 агрегат кој испорачува 765 КС и 800 Nm. Моќноста на тркалата се пренесува со помош на седумстепен автоматски менувач со двојна спојка, а McLaren наведува дека со дополнителни напори успеал да ја зголеми брзината на реагирање на овој менувач за 15 проценти во однос на моделот 720S.

Новата „ѕверка“ од McLaren од нула до „стотка“ за само 2,8 секунди, додека до 200 километри на час се стигнува за само 7,2 секунди. Феноменалните перформанси се овозможени и благодарение на сериозното намалување на тежината низ кое мина моделот 765LT.

McLaren 750LT

Така, овој автомобил има маса од само 1.229 килограми (без течности), што е за 80 килоеграми помалку наспроти изворниот 720S. McLaren истакнува дека заштедата е остварена низ обилна употреба на карбон, но и поради новиот издувен систем сочинет од титаниум, а употребени се дури и потенки стакла, со цел масата да биде што е можно помала. Автомобилот исто така доби и трката со десет краци и Pirelli P Zero Trofeo R гуми. McLaren 765LT ќе биде произведен во само 765 примероци и првите примероци ќе бидат испорачани во септември оваа година.

765LT со изобилие од карбон

McLaren 765LT доби карбонски компоненти на каросеријата вклучително и преден сплитер, преден и заден браник, прагови, дифузор и активен спојлер, а сите компоненти заедно ја зголемуваат аеродинамичката способност и перформансите за 25 проценти. Ширината на трагот на тркалата е зголемена за 6 милиметри нанапред, а автомобилот е понизок за 5 милиметри. Инженерите го унапредија и системот за потпирање и алгоритмите од Proactive Chassis Control II системот за контрола на системот за потпирање. За запирањето се грижат карбон-керамичките дискови и кочничката клешта преземени од моделот Senna.

.McLaren 750LT

Во внатрешноста исто така се наоѓа изобилство од карбонски детали и компоненти, како што се седиштата, централниот тунел, па дури и изложени делови од подот. Исто така, тука се и деловите преслечени во Алкантара, а автомобилот нема клима уред ниту аудио систем. Сепак, тоа може да се добие како опција и тоа целосно бесплатно. Лесните седишта од моделот Senna исто така се нудат како опција.

Поврзани вести

Back to top button