fbpx

McLaren отстапува од ветувањата и го најави својот прв SUV модел

McLaren го најави својот прв SUV модел со високи перформанси кој се крие зад ознаката GTX, а првите испораки се планираат за април идната година

Британскиот производител на луксузни суперавтомобили со години тврдеа дека во својата понуда никогаш нема да имаат SUV модели, но се чини дека нивните претходни ветувања ќе бидат прекршени, бидејќи од McLaren сега ја објавија првата фотографија на која се гледа силуетата на нивниот прв SUV автомобил кој ја носи ознаката GTX.

Следејќи го примерот на сличните SUV модели со високи перформанси кои во изминатиот период ги понудија производителите како Lamborghini, Bentley, Aston Martin, Maserati и останатите производители на луксузни автомобили, McLaren GTX би требало значително да го зголеми профитот на британската автомобилска компанија, а SUV моделот кој е заснован на платформата на неодамна претставениот модел GT ќе го напојува 4,0-литарски битурбо V8 мотор кој произведува 600 КС и 760 Nm максимален вртежен момент, а моќноста ќе се пренесува со помош на седумстепен автоматски менувач на сите четири тркала.

McLaren

Од McLaren засега се уште не објавуваат детали за перформансите, но се очекува GTX да не заостанува многу во однос на моделот GT кој спринтот од нула до „стотка“ го достигнува за 3,1 секунда и развива максимални 327 километри на час. Првите испораки на овој модел се планирани за април идната година, а сите оние кои се заинтересирани за McLaren GTX ќе треба да издвојат нешто повеќе во однос на McLaren GT чија почетна цена изнесува 192.000 евра.

Поврзани вести

Back to top button