fbpx

McLaren се пофали со неверојатниот 720S GT3X

Новиот 720S GT3X покажува што се McLaren може да направи со еден тркачки автомобил кога не е ограничен од страна на тркачките регулативи

Како што сугерира и самото име, McLaren 720S GT3X е базиран на стандардниот 720S GT3 кој се натпреварува во голем број тркачки серии ширум светот. Mодификациите кои се направени на GT3X почнуваат со 4,0-литарскиот битурбо V8 мотор кој сега испорачува дури 200 КС повеќе од стандардниот тркач, резултирајќи со истите 710 КС како и „уличниот“ автомобил, иако таа бројка се зголемува за дополнителни 30 КС со достапното push-to-pass копче.

Со цел да се достигне оваа моќност, McLaren постави поголеми турбо полначи, поголеми колектори и секој мотор го произведува рачно. Тука е и унапредениот систем за разладување за да се осигура дека автомобилот може да одржува долги излети на патеката без да загуби од своите перформанси.

GT3X е поставен на истата карбонска MonoCage II монокок шасија како и 720S патничкиот автомобил и стандардниот GT3. Новиот McLaren GT3X може да се нарача со опционално совозачко седиште, нешто што не е достапно кај стандардниот GT3 тркачки автомобил.

720S GT3X

Исто така, направени се и голем број на различни аеродинамички модификации, вклучително и поголемиот заден спојлер, нови перки на предниот браник, проширен преден сплитер и ревидиран заден дифузер. Од McLaren потенцираат дека овој автомобил е значително побрз на тркачката патека во однос на нормалниот 720S GT3, но за жал не открија конкретни бројки.

Поврзани вести

Back to top button