fbpx

McLaren Senna од 468.000 LEGO коцки

Проектот за новата „играчка“ од LEGO, по речиси 5.000 часа работа, денес е официјален

McLaren сподели информации за специјалниот нов проект- 1:1 верзија на екстремниот модел Senna направен од LEGO коцки. За разлика од стандардната верзија на Senna кој беше распродаден уште по преставувањето, LEGO моделот тежи малку над 1.500 килограми или со 500 килограми повеќе од оригиналот.

Од компанијата коментираат дека новиот проект е најреален и најамбициозен од ваков вид за McLaren, a по желба, во автомобилот може да се седне, да се пуштат светлата и мултимедијалниот систем, па дури и да се слушне звукот на автомобилот, благодарение на специјалниот звучен модул.

LEGO верзијата на McLaren Senna е изработен од вкупно 467.854 поединечни коцки или со речиси 200.000 повеќе во споредба со моделот на 720S од пред две години. Уникат е и првиот проект на двете компании, во кој се користат внатрешни елементи од вистинскиот автомобил, а во новиот проект тоа се карбонски седишта, волан и педали.

Поврзани вести

Back to top button