fbpx

Шангај 2017: Mercedes со прототип на следната А-класа

Пазарот во Кина е многу важен за Mercedes-Benz, па неговиот настап на претстојниот салон во Шангај е мошне сериозен

Пазарот во Кина е многу важен за Mercedes-Benz, па неговиот настап на претстојниот салон во Шангај е мошне сериозен. Германците најавуваат повеќе новини, а една од нив е прототип со името Concept A Sedan. Според информациите од Штутгарт, токму оваа креација, дава идеја како ќе изгледаат идните компактни модели на германската марка, вклучувајќи ја и следната генерација на А-класа.

Ако се суди според овој концепт, за малите автомобили од гамата на Mercedes следат големи дизајнерски модификации-поспортски и помускулест изглед со огромна решетка на ладилникот. Новата A-класа ќе се прави на модуларната платформа MFA и ќе им конкурира на четивратните верзии на Audi A3 и BMW 1. На истата шасија ќе се составува и кросовер, кој по димензии ќе биде близок до B-класа. Градскиот кросовер ќе заземе место во гамата малку над сегашниот GLA.

Поврзани вести

Back to top button