fbpx

Mercedes-AMG GT доби свој фејслифт третман

Германскиот производител Mercedes официјално ја претстави унапредената и освежената верзија на AMG GT 4-Door Coupe моделот

Mercedes го унапреди својот перформансен седан за престојната година, правејќи неколку помали промени на екстериерот и ентериерот, а освен тоа додаден е новиот Manufaktur Exclusive Edition во опсегот и неколку дополнителни опции за бојата на надворешноста. Manufaktur Exclusive Edition е прв за GT 4-Door Coupe и се одликува со интересна нијанса на Rubellite Red металик боја, заедно со Silver Chrome пакетот на екстериерот, кој повеќе не е ексклузивен за 63 S верзијата, како и специјални 21-инчни AMG тркала. Во ентериерот се наоѓа Neva Grey Exclusive Nappa кожа со Ash дрвен трим и нов AMG Performance управувач. Покрај нив, тука е и новиот AMG Night Package II која се одликува со темна хромирана решетка и затемнети беџови на возилото.

AMG GT 4-Door

Сите верзии на освежениот AMG GT 4-Door Coupe добиваат нов AMG Performance управувач со двокрак дизајн, контроли за возачкиот режим и интегрирани копчиња. Купувачите ќе можат да бираат меѓу Nappa кожа или Nappa со Dinamica антилоп за самиот управувач, а греењето е достапно за варијантите со шестцилиндерски мотор, додека кај V8 моделите е стандарден дел од опремата.

Остатокот од кабината добива голем број на нови кожни опции како Sienna Brown, Classic Red, Yacht Blue и Deep White. Купувачите можат да изберат и Exclusive Nappa кожа во Titanium Grey Pearl боја со жолти контрастни конци, или пак Exclusive Auburn Brown Nappa кожа со црн дијамантски вез. За прв пат, GT 4-Door ќе се нуди со конфигурација со пет седишта и опционална задна клупа.

GT 63 и 63 S пристигнуваат подоцна

Меѓу останатите нови карактеристики се и унапредениот систем за асистенција на возачот, како и Widescreen Cockpit со MBUX инфозабавниот систем со AMG графика и функции. Новите модели ќе дебитираат со шестцилиндерските верзии и ќе пристигнат во европските продажни салони во август.

Mercedes-AMG GT 4-Door Coupe 43 и 53 моделите го користат истиот турбо 3,0-литарски шестцилиндерски мотори со EQ Boost како и претходно, што е доволно за 367 КС, односно 435 КС. GT 43 од нула до „стотка“ стигнува за 4,9 секунди, односно 4,5 секунди кај 53 верзијата. За GT 63 и 63 S моделите Mercedes-AMG ќе ги објави деталите подоцна.

Престојниот V8 модел ќе добие целосно променет и унапреден адаптивен систем на потпирање. Унапредениот AMG Ride Control Plus сега ќе користи два вентили за ограничување на притисокот со цел да се контролира мулти-коморната поставка на воздушната суспензија. Од Mercedes најавуваат дека новиот систем на потпирање ќе предизвика AMG GT 4-Door да понуди уште поудобно возење во Comfort режимот и подобри перформанси во Sport и Sport Plus режимите.

Поврзани вести

Back to top button