fbpx

Mercedes-AMG подготви ажурирања за GT 63 и GT 63 S 4-Door

Mercedes-AMG подготви неколку промени за моделите GT 63 и GT 63 S 4-Door Coupe за 2023 моделската година

Иако на прв поглед ќе треба да се помачите за да ги забележите промените, Mercedes-AMG сепак подготви неколку промени за своите модели GT 63 и GT 63 S. При промените на дизајнот на екстериерот на двата модели, дизајнерите на Mercedes-AMG ја позајмија предницата од постоечкиот GT 63 S E Performance. Со оглед на ова, отворите за воздух се нешто пошироки од претходно и сега инкорпорираат три вертикални перки, за разлика од претходно кога беа поставени хоризонтално.

Mercedes исто така ги направи освежените GT 63 и GT 63 S 4-Door моделите достапни за уште поголема персонализација од претходно. На пример, опсегот на Manufaktur боите сега е зголемен и вклучува Arabian Grey, Cashmere White Magno и China Blue. Се на се, купувачите сега можат да изберат меѓу четири мат финиши, пет металик нијанси и две чисти бои, вклучително и новите нијанси на Starling Blue Metallic и Starling Blue Magno кои првпат се појавија кај освежениот GT 4-Door со шестцилиндричниот мотор минатата година. Исто така во понудата е и новиот AMG Night Package II пакет и комбинација на Night Package и AMG Exterior Carbon Fiber Package.

Германскиот производител исто така ја прошири и Manufaktur линијата на опции за ентериерот, со нова Nappa кожа и дијамантски шев на седиштата. Исто така, тука е и двобојниот AMG Performance управувач и AMG патосниците со AMG обележја. Mercedes ветува дека ќе понуди и дополнителни опции за индивидуализација во престојните години.

Најголем фокус на системот за потпирање

Унапредувања исто така се направени во стандардниот AMG Ride Control+ систем на потпирање. Поставката е базирана на Mercedes-Benz Air Body Control суспензијата и се одликува со електронски контролирани адаптивни и прилагодливи амортизери. Овој нов систем се одликува со два вентили со ограничување на притисокот кои овозможуваат потисната сила да биде прилагодена попрецизно зависно од возачкиот режим и возачките услови. Резултатот е унапреден комфор и уште поостри возачки динамики.

Системот исто така се одликува и со контролна единица на системот за потпирање кој ги анализира податоците, вклучително и информациите за забрзувањето со цел автоматски да ја постави амортизационата сила за секое тркало за само неколку милисекунди. Различните поставки за суспензијата можат да бидат ажурирани преку возачките режими или независно преку посебно копче.

Mercedes-AMG GT 63

Никакви промени не се направени кај моторите на ова дуо. Така, двата модели добиваат 4,0-литарски битурбо V8 кој кај GT 63 испорачува 575 КС и 800 Nm. GT 63 S добива поголема моќност од 630 КС и 900 Nm.

Поврзани вести

Back to top button