fbpx

Mercedes-AMG продолжува со развојот на Project ONE

За време на меѓународниот саем во Франкфурт минатата година, спортската поделба на Daimler Mercedes-AMG, ги покажа првите детали за целосно новиот хипер автомобил Project ONE

Претставен на салонот во форма на студиски развој, Project ONE беше најавен како автомобил кој ќе понуди максимална моќност од 1.000 коњски сили и можност за развивање на максимална брзина од 350 km/h. Со хибриден погонски систем, позајмен од болидите во Formula 1, составена од 1.6 литарски турбо агрегат во V облик, што пренесува моќ од 680 КС кон задните тркала и два електромотори со 120 kW на предните.

Со можност за возење до 25 километри на чист електричен режим, Mercedes-AMG Project ONE ќе биде во можност да се забрза од 0 до 200 km/h за помалку од шест секунди и да развие максимчална брзина од 350 km/h.

Во изминатата година, компанијата не откри нови детали за својот нов хипер автомобил. Сега од фирмата изјавуваат дека во изминатите неколку месеци возилото помина низ програма за развој зад затворени врати, а главниот процес бил вадењето на автомобилот на патот.

Project ONE

Поврзани вести

Back to top button