fbpx

AMG развива ЕВ и E Performance модели

Иднината на автомобилите лежи во електрификацијата, а назнака за тоа пристигнува и од Германија каде Mercedes-AMG ги сподели првите детали за идните перформансни варијанти

AMG влегува сериозно во полето на електрификацијата, а за таа цел ги најави и своите планови за престојните хибридни и целосно електрични модели. Mercedes-AMG развива електричен автомобил кој ќе дебитира оваа година, но во меѓувреме германскиот производител ги сподели своите први информации за новиот E Performance plug-in хибриден погон за AMG GT 4-Door и C Класа седанот.

Mercedes-AMG

Германскиот производител ќе лансира голем број на целосно електрични AMG модели кои ќе бидат поставени на Mercedes-EQ архитектурата и ќе заземаат слично место во поставата на компанијата како постоечките 43 и 53 AMG модели. Секој од овие нови модели ќе добијат два независни електромотори со целосно варијабилен погон на сите четири тркала и модуларна дистрибуција на вртежниот момент. Mercedes-AMG вели дека овие модели ќе постигнат перформанси еднакви на најмоќните 4,0-литарски битурбо V8 модели кои ги има во моментов. Тоа значи дека од нула до „стотка“ ќе стигнуваат за околу четири секунди, а максималната брзина ќе биде 250 километри на час.

Звучен пакет за препознатливиот V8 звук

Овие модели исто така ќе добијат и 400-волтна литиум-јонска батерија и ќе вклучуваат специјално подесен AMG Ride Control+ воздушен систем на потпирање. Автомобилите исто така ќе добијат и ексклузивен AMG i-Booster функција која комбинира електрична рекуперација и хидраулично сопирање при намалување на брзините.

Иако овие нови модели нема да го имаат истиот звук како V8 моторот по кој AMG моделите станаа препознатливи, сепак ќе бидат опремени со звучен пакет кој вклучува звучен генератор и звучници со цел да го испорачаат карактеристичниот звук.

Mercedes-AMG

Исто како и моделите со мотор на внатрешно согорување од Mercedes-AMG, така овие електрични модели ќе бидат разликувани со послаби варијанти благодарение на уникатниот стајлинг на екстериерот со редизајнирани браници, заден дифузер, уникатни AMG тркала и нова решетка. Ќе бидат направени промени и во ентериерот, вклучително и инсталирање на AMG седишта со индивидуални графики, AMG функции и екрани за MBUX екранот и голем број други опции.

Нови високо перформансни хибридни погони

Првиот од овие високо перформансни електрични Mercedes-AMG модели ќе пристигне оваа година. Но, покрај најавувањето на новите целосно електрични модели, германскиот производител ги соопшти деталите и за високо перформансните хибридни погони кои ги развива.

Mercedes-AMG развива хибридни погони кои користат четири и осумцилиндерски мотори, кои ќе бидат во комбинација со синхронизиран електромотор, високоперформансна батерија и целосно варијабилен AMG Performance 4Matic заедно со погон на сите тркала.

Електромоторот е ексклузивно развиен од страна на AMG и ги напојува задните тркала, позициониран со електрична двостепена трансмисија и електронски контролирано заклучување на задниот диференцијал познат како Electric Drive Unit. Може да произведе до 201 КС и 320 Nm вртежен момент. Иако моќноста вообичаено се испраќа на задниот дел, моторот може да трансферира моќност и на предните тркала.

Двостепената трансмисија значи дека моторот испорачува одлични перформанси од самиот старт и во моментот кога ќе достигне до 140 километри на час, втората брзина се активира, со што автомобилот продолжува со извонредната брзина.

Моделите опремени со новиот хибриден погон од Mercedes-AMG ќе вклучуваат Electric, Comfort, Sport, Sport+, Race и Individual режими. Секој модел исто така ќе го добие и AMG Dynamics системот кој влијае на електронската контрола за стабилност, погонот на сите тркала и електронски контролираното заклучување на задниот диференцијал. Четири различни нивоа на сопирачка рекуперација исто така ќе бидат достапни.

Помош од F1 тимот на Mercedes-AMG

Во најмоќната верзија, електромоторот ќе биде во комбинација со 4,0-литарски битурбо V8 мотор кој ќе дебитира кај Mercedes-AMG GT73. Овој plug-in V8 хибриден „знаменосец“ ќе испорачува до 804 КС и 1.000 Nm максимален вртежен момент со што спринтот до „стотка“ ќе се стигнува за околу три секунди.

Од Mercedes-AMG исто така го потврдија погонот за следната генерација на C 63. Како што се претпоставуваше, автомобилот ќе добие 2,0-литарски plug-in хибрид. Овој систем ќе го вклучува актуелниот М139 2,0-литарскиот четирицилиндерски мотор и модифициран да испорачува 442 КС. Во комбинација со електромоторот со моќност од 201 КС, седанот ќе има речиси 650 КС.

Mercedes-AMG

Во дизајнирањето и изведувањето на овие нови погони, AMG доби помош од Mercedes-AMG Petronas Formula 1 тимот во Бриксворт, Англија. Седумкратните шампиони во низа во Formula 1 дадоа голем придонес во развојот на електричниот турбополнач кој овозможува поголема моќност, како и новиот Electric Drive Unit.

Поврзани вести

Back to top button