fbpx

Mercedes-Benz EQ C со деби на 4 септември

Mercedes-Benz ќе го прикаже својот прв целосно електричен автомобил на 4 септември. EQ C ќе дебитира за време на посебен настан во Стокхолм

Во Шведска, автомобилот ќе биде прикажан на медиумите и потенцијални клиенти, а редовната публика ќе има можност да ја види изведбата малку подоцна, за време на изложбата во Париз. Очекуваме да го видиме првиот EQ C на европските патишта до крајот на годината. Сè уште не е јасно што ќе биде под лимаријата на новиот електромобил, но моќта сигурно ќе биде помала од сериозните 400 КС што го имаа концептот со истото име.

EQ C

Сепак, разлики помеѓу концептот и серискиот производ ќе има и во други елементи. Односно се очекува да има промени и во однос на максималната автономија на возилото со едно полнење. Електромобилот би требало да користи речиси 100 kWh батерии, кои ќе гарантираат автономија од скоро 500 километри.

Кога ќе излезе, EQ C ќе има достојна конкуренција од новопроизведениот Jaguar I-Pace и претстојниот Audi E-Tron. BMW iX3 ќе им се придружи во 2020 година, а некаде во исто време ќе го видиме Tesla Model Y.

Поврзани вести

Back to top button