fbpx

Мercedes, BMW и Volkswagen започнаа „да се пазарат“ со Трамп

Шефовите на Daimler, BMW и Volkswagen се сретнаа со американскиот амбасадор во Берлин, за да лобираат за да нема никакви тарифи за автомобили во претстојниот нов трговски режим меѓу ЕУ и САД

Според Financial Times (FT) тие му ветиле на Ричард Гренел дека ќе го искористат своето влијание за да обезбедат нулта царински стапки за увоз на американски автомобили во Европа, а за возврат Вашингтон треба да го стиори истото за нив.

Трговските преговори со САД не се во надлежност на Дитер Цетче, Харалд Кругер и останатите шефови на автомобилските компании, па дури и не се во надлежност на Владата на Ангела Меркел , бидејќи ова е во надлежност на Европската комисија, но германските гиганти се сигурни дека можат да помогнат во донесувањето на одредени одлуки ако Вашингтон се согласува со нив.

На средбата беа присутни Дитер Цетче од Daimler, Харалд Кругер од BMW и Херберт Дис од VW, како и шефот на производителот на делови Continental, Елмар Дегенхарт и претседателот на трговска организација VDA, Бернхард Матес. Тие го увериле Гренел дека ќе го задржат сегашното високо ниво на инвестирање на нивните компании во САД.

Мercedes, BMW и Volkswagen

Сите три германски гиганти имаат импресивни производствени капацитети од преку Океанот; всушност лани секоја втора нивна машина била произведена во САД, а потоа била изнесена за други пазари како Кина,Индија,Јапонија… Во моментов ЕУ го оданочува увозот на американски автомобили со 10%, додека САД со 2,5% но и цели 25% на комбиња и пикапи за да го зачува најпрофитабилниот сегмент за своите производители.

Мercedes, BMW и Volkswagen

Претседателот Доналд Трамп затоа се закани да ги зголеми драстично царините врз европските машини, бидејќи смета дека сегашната ситуација е закана за националната безбедност на земјата.

Се говори за тарифа од 20% или 25% од сите автомобили во ЕУ. Според изворот од FT, шефовите на трите групи сакаат едноставно да го истражат ставот на Вашингтон за откажување од сите должности пред да ги поттикнат своите лобисти во Брисел.

Се тврди дека тие предложиле и намалувањето на нетарифните ограничувања, како на пример барањата за стандардизација на компонентите, кои во моментов го отежнуваат увозот на американски автомобили во Европа. FT дава пример со браниците: европските стандарди бараат тие да се меки, за да ги штитат пешаците при удар, додека американските ги прават тврди за да ги заштитуваат патниците во возилото.

Поврзани вести

Back to top button