fbpx

Mercedes го најави електричниот модел EQA за 2020 година

Германскиот производител потврди дека следната година пред јавноста ќе го претстави целосно електричниот кросовер EQA кој е базиран на GLA

Моделот EQA ќе биде поставен на платформата MFA II, истиот кој го има на GLA, најмалиот кросовер на Mercedes, кој овие денови беше претставен во својата најнова генерација. Ова лесно ги објаснува сличностите во формата на двата модели. Од кратките преклопи на задниот и горниот дел, до нежно наведнатото кровно крило на задниот дел, се изгледа дека е речиси идентично. Сепак, се очекуваат уникатни детали да бидат инсталирани на електричната верзија на германскиот производител, кои се индикативни за EV моделите.

Mercedes EQA, чиј концепт беше претставен во 2017. година како хечбек со три врати, на пазарот ќе се натпреварува во класата компактни кросовери со пет вради со Audi Q4 e-Tron и престојниот Volkswagen ID.4.

EQA

Mercedes планира да претстави 10 нови електрични модели

Кросоверот ќе биде придвижуван од два електро-мотори, по еден на двете осовини нудејќи погон на сите четири тркала. Вкупната сила ќе варира во зависност од големината на инсталираната батерија, а Mercedes тврди дека најсилната варијанта ќе располага со околу 270 КС и 500 Nm. Од 0 до „стотка“ ќе забрзува за околу 5 секунди, додека од компанијата ветуваат автономија од околу 400 километри.

Mercedes планира да лансира не помалку од 10 целосно електрични модели до 2025. година. EQA e еден од многуте нови електрични автомобили кои Mercedes ќе ги претстави во следните 12 до 24 месеци. Тука се вклучени и EQB и EQS моделите, со тоа што последниот треба да го преземе приматот на главен модел на брендот во продажбата на електрични автомобили.

Поврзани вести

Back to top button