fbpx

Mercedes ја одложи премиерата на EQA за 2021 година

Mercedes-Benz го одложи официјалното претставување и пласирање на пазарот на својот целосно нов модел EQA за 2021 година

Продукциската верзија на новиот електричен кросовер на Mercedes, моделот EQA, беше забележана во форма на благо камуфлиран прототип за време на тестирањата во зимски услови, а првично овој автомобил требаше да биде претставен во третиот квартал од оваа година додека продажбата требаше да започне пред крајот на годината.

Меѓутоа, реорганизацијата на активностите на Mercedes околу производството на електрични автомобили, потешкотиите со снабдувањето на батерии и бројните проблеми кои ги предизвика пандемијата на коронавирусот, резултираа со одложување на претставувањата и продажбите за шест месеци.

Mercedes-Benz EQA е базиран на втората генерација на кросоверот GLA и ќе биде ривал на моделите како што е новиот Volkswagen ID.4. Меѓу клучните организациски промени кои влиаеја на плановите е промената на локацијата за производството на престојниот EQB.

Третиот EQ модел на компанијата требаше да се произведува во Хамбах, Франција, но преговорите поврзани со продажбата на погонот на Ineos и префрлувањето на производството на EQB во Растат, Германија, каде што ќе се произведува и EQA, ги одложија плановите за основиот електричен Mercedes.

Германската компанија планира да произведе две верзии на моделот EQA. Стандардната ќе биде со еден мотор и погон на предните тркала, како и опционалната со два електромотори и погон на сите четири тркала. EQA е еден од трите нови електрични модели на Mercedes кои ќе се најдат во продажба во 2021 година, а покрај него ќе пристигнат и EQB и EQS. Четвртиот модел, EQE, ќе пристигне во 2022 година.

Неофицијално, AMG исто така подготвува EQA модел со подобрени перформанси и унапреден електромотор за погон на задната осовина.

 

 

Поврзани вести

Back to top button