Новиот Mercedes-Maybach GLS одговор на Bentley Bentayga
Во 2019 година, германскиот производител Mercedes-Benz ќе лансира суперлуксузен теренец под брендот Maybach
Тој ќе биде изграден на основа на третата генерација на моделот GLS и ќе му конкурира Bentley Bentayga.
Брендот Maybach станува важен за Mercedes, бидејки сегментот на луксузни SUV-модели се проширува постојано. Секако во преден план се престижните лимузини, но се најавува и проект од SUV сегментот. Така компанијата ќе може да даде соодветен одговор не само на Bentley, туку и на Range Rover, а исто така и на новиот Lamborghini Urus. Во оваа класа, Rolls-Royce се подготвува да „нападне“ со својот новитет – Cullinan.
За ова, специјалистите од Maybach, работат со AMG поделбата, која ги подготвува моторите на идните луксузни брендови. Новиот SUV ќе биде претставен на салонот во Лос Анџелес, во ноемви оваа година, а неговата продажба ќе стартува во почетокот на 2019 година. Цените на моделот ќе стартуваат од 120.000 британски фунти, а тој ќе користи голем дел од системите и агрегатите на претставениот од пред две години Mercedes-Maybach S класа.
Луксузната изведба ќе ја користи алуминиумската платформа MHA (Modular High Architecture) и системот за погон на четирите тркала од Mercedes-Benz GLS. Промените ќе влијаат и на надворешноста, која ќе биде во согласност со барањата на американскиот пазар. Ентериерот ќе понуди луксуз од висока класа, а опремата ќе содржи супер-модерни системи за помош на возачот.
Според информациите, Maybach GLS ќе добие V8 мотор М177 на Mercedes-AMG, кој беше претставен на моделот S560. Ова е 4.0-литарски V8 twin-turbo со моќност од 462 КС и го заменува сегашниот 4,7-литарски V8 кој се користи за верзијата GLS 500. Предвидено е и хибридна верзија – S560 во која влегуваат 3.0-литарски бензински турбомотор со 6 цилиндри и моќност 362 КС, и електричен мотор со 121 КС. Нејзините батерии се литиум-јонски, а обезбедуваат автономија од 50 километри на електрична енергија.